• Должина во правец: 37 км
  • Тежина: 8/10
  • Време на искачување: 5 часа
  • Искачување со деца: 6 часа
  • Висинска разлика: 1.700 м
  • Почетна точка:

    с. Велешта – Струга

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Подгоречкото езеро е најголемото ледничко езеро на Јабланица. Има вкупна површина од 3.999 м2. Максималната издолженост во правец североисток-југозапад изнесува 226 м, а во правецот север-југ 175 м. Неговата најголема длабочина е 10 м. Езерото прима вода од потоци и атмосферски талози. Кои подоцна преку еден поток истекуваат од езерото. Езерото се наоѓа на надморска височина од 2.000 м. Карактеристично за оваа езеро е тоа што во себе содржи животински свет и има сопствени надворешни и внатрешни извори, а исто така има и влијание врз својата околина. Една од карактеристиките е и тоа што ова езеро има иста длабочина како и дорјанското езеро кое е едно од трите котлински езера во Македонија.

Горната Лабунишка локва е мало и едно од четирите леднички езера на Јабланица. Зафаќа површина од 960 м2, додека обемот изнесува 274 м. Езерото има кружна и кон исток издолжена форма налик на круша и растојанието во насока север-југ изнесува 62 м, а во насока исток-запад 56 м. Длабоко е 2,85 м.

Долната Лабунишка локва е најмалечкото од четирите леднички езера на Јабланица. Има површина од 900 м2, а обем 250 м. Езерото има слоро исти карактеристики како Горното. Формата му е скоро кружна и растојанието во насока север-југ изнесува 58 м, а во насока исток-запад 49 м. Длабоко е 2,45 м.

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)