• Должина во правец: 57 км
  • Тежина: 7/10
  • Време на искачување: 6 часа
  • Искачување со деца: 7 часа
  • Висинска разлика: 1.660 м
  • Почетна точка:

    Кружна Тура:

    • ХЕЦ Глобочица – с. Долгаш – с. Евла – с. Коџаџик – с. Рајчица – с. Џепиште – ХЕЦ Глобочица (57 км)

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Меморијален центар Коџаџик (познат и како Спомен-куќа на Али Риза Ефенди) — куќа во селото Коџаџик, Македонија. Куќата е прогласена за споменик на културата на Македонија. Куќата претставува родна куќа на Али Риза Ефенди, татко на Мустафа Кемал Ататурк, основоположникот на современа Турција.

Таткото на Кемал Мустафа, Али Риза Ефенди, е роден во куќата на својот татко Казли Хафез Ахмед, кој бил на служба во турската војска. Али Риза останал да живее во куќата во Коџаџик до втората половина на XIX век, додека кон крајот на XIX век се иселил во Солун и се оженил со Зебеиде Ханим, која потекнувала од старо турско семејство од Лангаса, близу Солун. Во Солун е роден нивниот син Кемал Мустафа. Али Риза, воден од желбата да ја сочува врската со родната земја, го испратил синот во војното училиште во Битола.

На самото место, покрај остатоците од куќата на Али Риза, наречена уште и „куќа на семејството Ататурк“ (или „семејна куќа), во непосредна близина се наоѓаат и остатоците од друг станбен објект наречен „роднинска куќа“. Заедно, остатоците од тие две градби претставуваат единствена целина, како сведоштво за потеклото и животот на семејството Ататурк во селото Коџаџик. На тој простор, западно од градби, се наоѓа и спомен-обележјето, кое било подигнато пред обновата на двете куќи.

Спомен-обележјето, подигнато во 2004 година, се наоѓа на најниското ниво на самото возвишение, со пристапни скали, камена ограда и плато со спомен-плоча. На мермерната спомен-плоча, на македонски и турски јазик е испишан следниот текст: „Куќата на Али Риза Ефенди во с. Коџаџик има специфично историско значење како станбен објект кој припаѓа на предците на Мустафа Кемал Ататурк”.

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)