Песочани – село во Општина Дебрца, во областа Дебрца, во околината на градот Охрид. Селото Песочани се наоѓа во областа Дебрца, Охридско. Селото се наоѓа на јужното подножје на Славеј Планина. Низ селото тече реката Песочица.
Соседни села на селото Песочани се: од југозапад селото Црвена Вода, од запад селото Присовјани, од југ селото Ново Село, од север селото Лактиње, и од североисток селото Издеглавје.
Цркви:
Црква „Св. Кирил и Методиј“ — главна селска црква, изградена кон крајот на XX век
Црква „Св. Атанасиј“ — помала црква
Археолошки наоѓалишта:
Кула — утврдена населба од доцноантичко време и средниот век
Манастириште — црква и некропола од средниот век
Реки:
Песочанска Река — тече покрај селото, на која уште во 1951 година била изградена ХЕЦ „Песочани“
Извор: Wikipedia
Тура
(во подготовка)
Велосипедски патеки во близина:
Планинарски патеки во близина: