• Должина во правец: 7 км
  • Тежина: 8/10
  • Време на искачување: 5 часа
  • Искачување со деца: 6 часа
  • Висинска разлика: 1.500 м
  • Почетна точка:

    с. Жировница

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Високо Брдо (познат и како Висок Рид) — врв во јужниот дел на главниот срт на протегање на планината Кораб, во Република Македонија. Неговата надморска височина изнесува 2.245 метри.

Се наоѓа на крајниот јужен дел на планината Кораб на главниот срт, во непосредна близина односно на самата гранична линија меѓу Македонија и Албанија. Според местоположбата на врвот Високо Брдо се наоѓа на координатите 41°41’19” северна географска широчина и 20°32’04” источна географска должина. Сместен е на главниот срт на протегање на планината Кораб, помеѓу врвот Плоча (2235 м.) на север и преслапот Дешат на југ, додека од него кон исток се испушта планинска огранка на која се наоѓаат врвовите Јаворско Брдо и Куртово Ќуле. Со својата местоположба врвот Високо Брдо го претставува последниот планински врв на протегањето на сртот на планината Кораб од север кон југ, после кого следува преслапот Дешат од каде започнува истоимената планина, дел од овој масив. Во јужниот дел на планината Кораб вкупно се регистрирани шест врвови со височина поголема од 2,000 м, а меѓу нив највисок е врвот Висок Рид (2,245 м). Се одликува со многу величствена глетка, особено погледнат од север (од Плоча), каде самиот врв Високо Брдо се прикажува како многу остар и зашилен врв со глетка на целиот планински масив на Дешат и Крчин со највисоките врвови во позадината. Источната падина на врвот Високо Брдо на македонска територија и западната падина на албанска територија се тревнати и е возможно искачување на врвот по источната македонска падина бидејќи по неа минува доброразгазената граничарска патека, додека само северната падина на врвот е многу стрмна вертикално пресечена и карпеста со сипар од издробени камења и ситен песок, поради што е невозможно искачувањето по неа. Самиот највисок дел на врвот е остар и зашилен, но од далеку изгледа особено висок поради што најверојатно го добил името Високо Брдо. Во некои пишани извори врвот е познат и како Висок Рид, додека на топографските карти врвот е запишуван како Високо Брдо.

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)

с. Жировница – врв Куртово Ќуле (4 км)
врв Куртово Ќуле – врв Јаворско Брдо (2 км)
врв Јаворско Брдо – врв Високо Брдо (1 км)

  • наведените опции се вклучени во GPS линкот