Бел Врв — врв во северниот дел на главниот срт на протегање на планината Кораб, во Република Македонија. Неговата надморска височина изнесува 2.532 метри. Се наоѓа во северниот дел на планината на главниот срт, во близината на границата меѓу Македонија и Албанија, но сепак целосно припаѓа на македонска територија, бидејќи граничната линија се протега на повеќе стотици метри на запад. Според местоположбата на врвот Црна Чука се наоѓа на координатите 41°48’16” северна географска широчина и 20°34’52” источна географска должина, западно од селaта Нистрово и Жужње над караулата „Победа“ и долината Беланџа во најгорниот дел на долината на Радика. Поточно, Бел Врв е сместен непосредно помеѓу врвот Црна Чука (2572 м) на север и високопланинскиот превој Голема Корапска Врата (2060 м.) и долината на реката Штировица непосредно на југ, додека кон исток се отвора долот Беланџа во најгорниот дел на долината на Радика, а кон запад длабокиот дол под Радомир (Радомирска Река) во Албанија. Се одликува со доста впечатлив грамаден изглед со стрмни падини на кои има изразито бели карпи и сипари (камењари) со раздробени бели камења при што особено се истакнува со нивната белина од црните и темни карпи на западната падина до неговиот соседен врв Црна Чука. Токму заради изразитите и впечатливи бели грамадни карпи, најверојатно врвот го добил името Бел Врв. Помеѓу врвот Црна Чука и Бел Врв постои груб карпест дробински материјал и се нарекува камено море, кој настанува како последица на физичкото распаѓање и разорување на карпестите маси. До Бел Врв може да се пристапи и искачи почнувајќи по добро обележаната планинарска патека која започнува од караулата „Победа“ и води до највисокиот врв Голем Кораб, по која се одвива традиционалното искачување, при што во пределот Нистровски Кораб непосредно пред Кепи Бард се скршнува десно кон север и по разгазената необележана граничарска патека се достигнува до подножјето на врвот Црна Чука од каде по источната падина таа продолжува до Бел Врв и понатаму до Мала Корапска Врата. На највисоката точка на самиот врв искачувањето е прилично тешко и опасно бидејќи карпите се многу стрмни и пресечени за што е потребно познавање од алпинистичко (или слободен стил на) качување.
Тура
(во подготовка)
Планинарски патеки во близина:
Велосипедски патеки во близина: