Жужње – село во Општина Маврово и Ростуше. Жужње — напуштено село во областа Горна Река, на левата страна од Длабока Река. До селото се стигнува пешки или со коњ, преку широка замјена патека од соседното Нистрово. Селото се наоѓа во близина на најголемиот водопад во Македонија, Корабскиот Водопад. До него се сетигнува од козја патека која води по течението на Длабока река. Во селото има црква посветена на Света Варвара.
Кабаш – врв во средишниот дел на главниот срт на протегање на планината Кораб, во Република Македонија. Неговата височина изнесува 2.391 метар.
Се наоѓа во средишниот дел на планината на планинската огранка која се испушта долго на нејзината источна падина, припаѓајќи целосно и длабоко на македонска територија. Врвот Кабаш го претставува претпоследниот, четврти по ред планински врв од планинската огранка која започнува и се испушта кон исток од врвот Боази на главниот срт Според местоположбата на врвот Кабаш се наоѓа на координатите 41°45’21” северна географска широчина и 20°34’11” источна географска должина, северозападно од селото Рибница. Поточно, врвот Кабаш е сместен непосредно на југ над долината на Длабока Река, од каде тој има особено забележителен поглед кој со острата зашиленост преовладува со својата препознатливост со која доминира во просторот. Се одликува со многу голема стрмнина и зашиленост, а неговите стрмни јужни и северни падини се прошарани со многу стрмни тревнати кулоари и карпи кои достигнуваат до самиот врв, додека кон исток е поврзан со врвот Рибничка Скала, а на запад со врвот Црвен Камен (Гури Куј). Убавата „алпска“ глетка и големата стрмнина на неговите падини кои го прават доста тежок за искачување и во летни, а особено во зимски услови, му даваат особена привлченост на Кабаш, кој заедно со врвот Рибничка Скала се два најатрактивни и меѓу планинарите и алпинистите многу често посетувани и особено прочуени планински врвови на Кораб и во Македонија. На највисоката точка на самиот врв е поставен крст од железо, од каде се пружа прекрасна глетка на трите највисоки корапски врвови Голем и Мал Кораб и Малокорапска Стена, како и целата источна падина на корапскиот масив.
До врвот Кабаш може да се пристапи и со голема внимателност (и тешкотија) да се искачи од двете падини од јужната и северната страна.
Најчесто е искачувањето по многу стрмната северна падина со тревнат кулоар помеѓу карпестите блокови, скршнувајќи лево од „видиковецот“ во месноста Скалила на доброобележана планинарска патека која води кон познатиот Корапски водопад, минувајќи по источната и северната страна на подножјето под врвот Рибничка Скала од превојот Пралуга и навлегувањето во долината на Длабока Река.
Најкратка патека и пристап за искачување на Кабаш, која е многу малку или речиси непозната е од јужната страна со должинанод 6 километри во правец започнувајќи од селото Нивиште. Преминувајќи преку дол со поток над селото се навлегува и минува низ густата букова Кабашка Шума од каде се излегува на гребенот кој се протега и завршува право на самиот врв, а кој е доста стрмен и наместа со карпи, при што исклучителна внимателност е потребна минувајќи во јужниот кулоар во кој покрај исклучителната стрмнината (со наклон и до 65°) треба со искачување со внимателен зафат да се поминат 2 метри преку камен засек помеѓу 2 помали карпи, но покрај тоа од овој кулоар до самиот врв се нуди пристап по речиси целосно тревнат терен. За побезбедно искачување низ овој предел поставени челични жици – сајли за придржување (и делумна можност за одење со наврска – виа ферата) на 2 делници и тоа: во кулоарот од јужната страна под врвот Кабаш на вертиклен стрмен засек меѓу карпите во должина од 30 метри и на свртувањето за влез во кулоарот од сртот на југоисточниот гребен под Кабаш на закосена стрмнина по хоризонтала во должина од 20 метри. Челичните жици-сајли за придржување се поставени во септември 2021 година во рамки на бележењето на патеката од селото Нивиште од страна на ПСД „Трансверзалец“ за планинарската акција на Планинарски предизвик „12 Врвови“.
Извор: Wikipedia
Тура
(во подготовка)
Планинарски патеки во близина:
Велосипедски патеки во близина:
с. Жужње – врв Рибничка Скала (7 км)
врв Рибничка Скала – врв Кабаш (1 км)
- наведените опции се вклучени во GPS линкот