• Должина во правец: 10 км
  • Тежина: 7/10
  • Време на искачување: 4 часа
  • Искачување со деца: 4,5 часа
  • Висинска разлика: 1.000 м
  • Почетна точка:

    с. Пуста Река

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Пуста Река – село во Општина Крушево, во околината на градот Крушево. Ова високо село се наоѓа во крајниот северозападен дел на територијата на Општина Крушево, чиј атар се допира со подрачјето на општините Кичево, Демир Хисар и Пласница. Селото е планинско, сместено на надморска височина од 940 метри. Од градот Крушево е оддалечено 11 километри. Низ самото село води регионалниот пат 2337.

Пуста Река е планинско село, сместено северозападно од градот Крушево. Се наоѓа на близу 1000 метри надморска височина, опколено со средновисоки планини, дел од планината Баба Сач и има многу убави терени со борови, букови и дабови шуми. Надморската височина и околните шуми го прават селото да има многу пријатна клима и во лето температурите не се многу високи. Низ селото тече мала рекичка која во лето пресушува, а повисок водостој има само во рана пролет кога се топи снегот од планините.

Соседни села на Пуста Река се: Преглово и Пласница од север, Цер од запад, Горно Дивјаци од исток, и Долно Дивјаци и Зашле од југ.

За настанокот на селото Пуста Река нема поточни податоци кога е настанато, но се знае како е настанато. Тоа настанало од тројца браќа кои биле по потекло од селото Вранештица (Кичевско).

За името на селото се смета дека е настанато поради тоа што селото било запалено и до темел изгорено трипати. Еднаш тоа било запалено за време на турското владеење а двапати било изгорено за време на Втората светска војна. Во Пуста Река за време и на турското ропство, а и за време на Втората светска војна била развиена свеста за слободна Македонија и бил развиен отпорот и кон двете ропства при што се појавувале помали „дружини“ кои се бореле против непријателот, а селото било познато како село јатак на ајдуци.

Познати се неколку народни херои кои во текот на Втората светска војна ги дале своите животи и во нивна чест во селото се подигнати неколку споменици. Значајно е да се спомене дека во близина на селото во месноста Грујова нива е создаден првиот Крушевски баталјон.

Може да се спомене дека како и во сите села од Западна Македонија така и од ова село има доста печалбари кои се заминати во европските и прекуокеанските земји.

Археолошки наоѓалишта:
Долна Црква — црква и некропола од средниот век;
Крушка — црква и некропола од средниот век; и
Манастирче — средновековна населба.

Цркви:
Црква „Св. Никола“ — главна селска црква;
Црква „Св. Илија“ — манастирска црква; и
Црква „Св. Петка“ — нова селска црква.

Манастири:
Пусторечки манастир — мал манастир надвор од селото

Споменици:
Биста на Јоше Вијачоски
Биста на Симон Биљаноски
Споменици на НОБ во селото

Реки:
Пуста Река — мала река низ селото

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)

с. Пуста Река – врв Козјак (3 км)
врв Козјак – врв Ѓолче (4 км)
врв Ѓолче – врв Стара Мусица (3 км)

  • наведените опции се вклучени во GPS линкот