Слепченски манастир (познат и како Манастир Св. Јован Претеча и Манастир Продром) – манастир кој се наоѓа на околу 3 км од Слепче, Општина Демир Хисар.
Манастирот „Св. Јован Претеча“ e еден од најголемите и добро сочувани манастирски комплекси во областа Железник и пошироко, кој се наоѓа под падините на планината Илиница, над селото Слепче.
Манастирот датира уште од 5 век, тој податок постои на една преклопна карта. Подемот Манастирот го доживува во Светоклиментово време кога станува ставропигијален манастир на Охридскиот Архиепископ. Манастирот прераснал во голем скрипториски центар, кој работел за потребите на архиепископијата.Тогаш во него се вршат преписи на книги, преводи од старогрчки и латински јазик за потребите на Охридската архиепископија, но се развива и творештвото во Манастирот, се пишуваат богословско – философски трактати, зборници и.т.н. Еден од најстарите сочувани артефакти е еден Апостол кој датира од втората половина на 10 век и 11 век, претставува палимпсест, а воедно и најстар препис на словенскиот превод на Апостолот директно од перото на светите браќа Кирил и Методиј. Овој ракопис е воедно и најстариот сочуван словенски Апостол, а денес помеѓу науката носи и латински назив Praxapostolos slepcensis. За долгиот и активен монашки живот ни сведочат зачуваните Слепченски Поменици кои по нивниот број ги надминуваат големите Балкански манастири.
Угледот на манастирот како во времето на својата постара историја, така и подоцна, привлекувал ктитори и приложници меѓу Византиските цареви, Урго-влашките војводи и најмоќните македонски благородници, кнезови од времето на Османлискиот период, богати закупци на рудниците во Железнец и Демир Хисар. Во долгата историја на Манастирот кон крајот на XIII век како ктитори се запишани византискиот цар Михаило VIII – Палеолог и неговата сопруга царицата Теодора Дукина Ватацина и нивнините имиња се запишани во најстариот зачуван Слепченски Поменик под бр. 1/116 кој се наоѓа во Одеса, Р. Украина. Потоа, како приложници се среќаваат Урго-влашките војводи во XV век, и кнезот Димитар Кратовски во средината на XVI век.
Манастирот се спомнува и во 1010 година, односно пред познатата битка помеѓу македонскиот цар Самоил и грчкиот цар Василиј II, што се одиграла на Беласица во 1014 година и завршила со трагичното ослепување на Самоиловите војници. Ослепената војска, по битката, се задржала во месноста на денешното село Слепче, кое, според овој историски настан, го добило и своето име, веројатно војската се одморила во манастирот и го продолжила својот пат за Преспа. По некои преданија како ктитор на западниот конак се јавува ќерката на цар Самоил.
Извор: Wikipedia
Тура
(во подготовка)
Велосипедски патеки во близина:
Планинарски патеки во близина: