• Должина во правец: 34,5 км
  • Тежина: 9/10
  • Време на искачување: 6 часа
  • Искачување со деца: / часа
  • Висинска разлика: 2.100 м
  • Почетна точка:

    с. Скочивир

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Кајмакчалан или Мачник – највисок врв на планината Ниџе. Се наоѓа на јужната граница од Македонија, со висина од 2.521 м. Кај Бугарите, врвот е познат како Борисов Град, а кај Србите како Порта на слободата и Праг на татковината.

Од врвот се гледаат Островското Езеро и Петерското Езеро во Егејска Македонија, како и областа Мариово во Македонија. Во близина на Кајмакчалан се наоѓаат селата Скочивир од македонска, како и селото Чеган и ски-центарот „Ниџе“ (Ворас) од грчка страна.

За време на Првата светска војна, на Кајмакчалан се воделе тешки борби меѓу бугарската армија, од една страна, и француската и српската војска, од друга страна, како дел од Македонскиот фронт, познат како солунски. Притоа, само во периодот од 12 до 30 септември 1916 година, во жестоките борби на врвот загинале над 4.600 војници од српската војска. Во составот на двете завојувани војски на фронтот биле мобилизирани голем број на Македонци од месното население во Мариово и од цела Македонија. Во спомен на овој настан, во црквата „Св. Петар“, сместена на самиот врв, се наоѓа посвета напишана од кралот Александар I Караѓорѓевиќ. До пред некое време, во црквата, во посебна урна, се наоѓало срцето на швајцарскиот форензичар, публицист и професор, Арчибалд Рајс.

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)