• Должина во правец: 12 км
  • Тежина: 7/10
  • Време на искачување: 4,5 часа
  • Искачување со деца: 5 часа
  • Висинска разлика: 850 м
  • Почетна точка:

    с. Лазарополе

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Лазарополе (во месниот говор како: Лазорополе) – населено село во Општина Маврово и Ростуше, сместено во областа Мијачија.

Настанокот на името Лазарополе се поврзува со легендата која се одржува како предание селаните од Главино Село бегајќи од Турците се сокриле во пештерата Калина Дупка, каде ги издала „луда Калина“ па Турците ги загушиле со чадот од запалениот оган. Само некој Лазар се спасил од пештерата од која излегол од другата страна во полето каде основал ново село. Од неговото име Лазар кој излегол во полето и го основал новото село настанало името Лазарополе. Етимолошкото објаснување на името на селото има свои корени во старословенскиот јазик, во кој поимот лазор означува ‘голем простор, оголен и истребен од шуми’ какво што е впрочем и Лазарополе, па оттаму и на месниот мијачки говор, селото се нарекува и Лазорополе.

Ова село е доста специфично, бидејќи во почетокот на XX век броела над 3.000 жители. Сместено е во областа Мијачија, во јужниот дел на територијата на Општина Маврово и Ростуше, на падините на планината Бистра, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Кичево. Селото е планинско, сместено доста високо на 1.300 метри надморска височина. Селото се наоѓа на високо поле (над 1.300 метри), низ кое поминува Лазарополска Река, кога оттаму се пробива кон долината на Мала Река. Поради стрмниот дел од долината на Мала Река селото е целосно невидливо. Самата местоположба е многу поволна, а на краевите на полето се наоѓаат пештери. Селото се соочувало со недостиг на вода во текот на летниот период, поради слабиот капацитет на чешмите.

Лазарополе настанало од раселените жители на две позначајни и познати селски населби. Првото е Главино Село кое се наоѓало на северозапад од Лазарополе и за кое се претпоставува дека било главно село во Мијачијата. Остатоци на ѕидови и темели од куќи на ова село се сѐ уште видливи на неговата местоположба. Второто село е Лопушник кое се наоѓало на исток од денешно Лазарополе, а од него останало само неговото име на една месност во Јама. Лазарополе првпат се споменува во историски документ во втората половина на XV век во Слепченскиот кодик (книгата на дарители) на Слепченскиот манастир. Во 1582 година името Лазарополе се среќава во пописен дефтер, каде се споменува како дервенџиско село со 60 домаќинства и 44 неженети христијани, кое припаѓа на вилаетот Река, Дебарска каза и изнесува годишен приход од 3000 акчиња. Задачата на дервенџиите била да го чуваат патот кој ги поврзувал Дебар и Кичево, од банди кои ги ограбувале караваните и патниците. Од старите историски извори за потеклото и подалечното минато дознаваме дека тоа од своето постоење било населено со Македонци од православна вероисповед. Жителите на ова село припаѓале на познатото македонско словенско племе Мијаци. Во структурата на животот на Мијаците имало племенски совет. Во секое село имало племенски главатар. По разни поводи го повикувале народот на Собор.

Археолошки наоѓалишта:
Јаворска Вода — населба и средновековна некропола
Главино Село — средновековна населба и некропола
Јама — средновековно утврдување
Каптажа — средновековна некропола
Оралиште — средновековна некропола

Цркви:
Црква „Св. Великомаченик Георгиј“ — главна селска црква од XIX век, со придодаден трем од почетокот на XX век
Црква „Св. Петка“ — мала црквичка, изградена од Јосиф Аврамов Куноски на 26 јули 1908 година
Црква „Св. Атанасиј Велики“ — параклис од крајот на XX век
Црква „Св. Ѓорѓија“ — параклис од крајот на XX век во месноста Ѓурепи
Црква „Св. Спас“ — параклис од крајот на XX век

Реки:
Лазарополска Река — во близина на селото

Пештери:
Калина Дупка — значајна пештера на планината Бистра

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)

с. Лазарополе – врв Шкрка (9 км)

  • наведените опции се вклучени во GPS линкот