Иванчишта – село во областа Копачка, во Општина Кичево, во околината на градот Кичево. До март 2013 година, селото било дел од поранешната Општина Другово, која била споена со Општина Кичево.
Селото се наоѓа во областа Копачка, во јужниот дел на територијата на Општина Кичево, во југозападниот дел на Кичевската Котлина, во изворишното сливно подрачје на реката Треска, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Дебрца. Селото е планинско, на надморска височина од 1.070 метри. Од градот Кичево е оддалечено 18 километри, а од патот Кичево-Охрид околу 1 километар.
Иванчишта е сместено десно од некогашната железничка линија со тесен колосек Кичево-Охрид, сместено на планинска падина. Низ селото тече Иванчишка Река, на која се наоѓале воденици.
Тука постоело стара населба, но со текот на времето, жителите се менувале. Остатоци од старото население се црквиштата и гробиштата. Во историските списи првпат е споменато како Иваништа во 1476/77 година како дервенџиско село со 15 куќи. Народното предание вели дека селото било подложно на турски напади поради близината на патиштата Кичево-Охрид и Кичево-Дебар. Во XIX век, Иванчишта било село во Кичевската каза на Отоманското Царство.
За време на Илинденското востание, селото Иванчишта е изгорено и ограбено од 150 души башибозук и 200 души редовен аскер.Селото настрадало и од балистите за време на Втората светска војна.
Цркви:
Црква „Св. Никола“ — главна селска црква
Црква „Св. Атанасиј“
Споменици:
Споменик на НОБ
Реки:
Иванчишка Река — поминува покрај селото, се влева во Треска
Извор: Wikipedia
Тура
(во подготовка)
Велосипедски патеки во близина:
Планинарски патеки во близина: