Галичник – село во Општина Маврово и Ростуше, во областа Мала Река. Сместено е на падините на планината Бистра, во центарот на регионот Мијачија. Галичник е туристичка знаменитост поради неговата автентична архитектура, богатото културно наследство и восхитувачките пејзажи.
Се наоѓа на падините на планината Бистра, во срцето на регионот на мијачкиот крај, во пределот Мала Река, на 16 километри до Маврово и Мавровско Езеро и 12 километри до ски-центарот „Заре Лазарески“. Најблиска градска населба до селото е градот Гостивар, од кој е оддалечено 45 километри. Се наоѓа на надморска височина од 1270 до 1500 метри и е опкружен со пасишта. Познато е по „Галичката свадба“, традиционална и јавна летна свадба, што се одржува секоја година на селската слава – Петровден. За време на свадбата, се игра „Тешкото“ оро – што го симболизира надминувањето на тешкотиите во животот.
Најстарите сознанија за настанувањето на Галичник датираат од X век и почетокот на XI век. Се смета за едно од најстарите села во мијачкиот предел. Првиот период на селото е карактеризиран со мешање на Влашки семејства со Македонци со словенска култура. Престојувањето на Власите во мијачкиот предел го потврдуваат некои топоними од околината на Галичник, како и презимињата на некои од денешните галички семејства: Куцулоски, Гугулоски, Кипроски. Во XIX век, благодарение на доселувањето, високиот наталитет, но и поволните економски услови за сточарство, Галичник е веќе мал град. Турски патописци зборуваат за Галичник во XVIII и XIX век како битен економски центар, не само за регионот, туку и за империјата. Кон крајот на XIX век, Галичник бил поголем и од Гостивар. Јордан Хаџи Константинов-Џинот во втората половина на XIX век вели дека селото имало 500 куќи. Ако се земе дека во една куќа би живееле во просек 8 луѓе, тогаш бројот на населението би се движел околу 4.000. Галичник во овој период има значително културно влијание во европскиот дел на Османлиското Царство, главно преку своите преродбеници: Партенија Зографски, Ѓорѓија Пулевски, Макарија Фрчкоски, Панајот Гиновски и др. Третиот период во историјата на Галичник е од 1912 до денес. Балканските војни делувале негативно на овчарството, затоа што со грчката окупација било оневозможено зимување на овците во Егејска Македонија. Сепак, оваа дејност, почнала да стагнира уште во XIX век. Сè поголем дел од мажите оделе на печалба, каде се специјализирале во разни занаети.
Мал Брзовец – планински врв на планината Бистра, во западниот дел на Македонија. Неговата надморска височина изнесува 1.899 метри. Се наоѓа на големиот карпест гребен наречен Брзовец на јужниот дел на планинското било на Бистра, од десната страна на долината на Тресонечка Река и Мала Река во срцето на Мијачијата. Се издигнува веднаш над селото Тресонче. Во подножјето на Брзовец во линија југоисточно од врвот, веднаш до десниот брег на бујните брзаци на Тресонечка Река се наоѓа пештерата Алилица. Поради издаденоста и географска поставеност од врвот Мал Брзовец се пружа прекрасна глетка на целата долина на Мала Река со панорамски поглед на Тресонче, Селце и глетка на селото Лазарополе како орлово гнездо на дланка, а кон север се пружа глетка на планина Бистра со нејзините највисоки врвови Меденица, Чавкарник, Ќурков Дол. До врвот може да се пристапи од селото Тресонче веднаш над малата хидроцентрала
Извор: Wikipedia
Тура
(во подготовка)
Планинарски патеки во близина:
Велосипедски патеки во близина:
с. Галичник – Вели Врв (5,5 км)
Вели Врв – врв Мал Брзовец (5,5 км)
врв Мал Брзовец – врв Голем Брзовец (2 км)
с. Тресонче – врв Голем Брзовец (5 км)
- наведените опции се вклучени во GPS линкот