Овче Поле или Овчеполие — котлина и област во Македонија, источно (од левата страна) од реката Вардар. Во најголем дел, Овчеполието влегува во состав на општините Свети Николе и Лозово. Најголемо населено место во областа е градот Свети Николе. Населението во областа говори на овчеполскиот дијалект.
Теренот на котлината е главно рамничарски, со благи заридести делови во северниот и средишниот дел. Низ Овчеполието минува доста прометниот и важен експресен пат Велес – Штип. На северозапад Овче Поле е оградено со ниската Градиштанска Планина (861 м.), а на североисток со Манговица (741 м.). Помеѓу овие две ниски планини се наоѓа превојот Караула преку кој минува регионалниот пат Свети Николе-Куманово (40 км). На југ Овче Поле е заградено од ниските ридови Богословец (755 м) и Иланџа (664 м) кои го одделуваат Овчеполието од долината и долното течение на реката Брегалница наречено Сландол. Кон исток и запад Овче Поле е отворено кон Велешката и Штипската Котлина. Во овие граници Овчеполската Котлина зафаќа површина од 670 км2. Најголемата должина изнесува 32 км, додека најголемата широчина по линија повлечена меѓу селата Врсаково на исток и Милино на запад изнесува 26 км. Најниската точка се наоѓа во рамнината на котлинското дно кај селото Делисинци и изнесува 231 метар. Гледано во целина, во Овче Поле се издвојуваат три засебни географски предели, „поле“ односно алувијалната рамина со просечна височина околу 260 м, ридестиот предел наречен „баири“ и рабовите по границите на котлината кој се нарекува „планина“.
Овче Поле го исполнува пространството меѓу Вардар од југ, Брегалница до устието на Злетовица во неа на исток, реката Пчиња на запад и Плавица пл. со нејзиното продолжение до Пчиња во Кумановско од север. Рамките кои што се испуштаат од Црн Врв (плавичкиот Црн Врв) го разделуваат Овче Поле на три делови: средиштен или само Овче Поле, Светиниколско и Злетовско Поле. Самото Овче Поле е главниот дел од таа голема рамнина. Со округла форма тоа има дожина помеѓу Велес и Штип од 8 часа и широчина до Вардар на југ од 4 ½ часа. Од запад и север тоа е заградено со голи и ниски рудини, кои што се среќаваат во неговиот северозападен крај. Северниот дел на самото Овче Поле претставува една округлеста рамнина, заградена со опишаните височини во чие најдлабоко место протекува Богословскиот Поток. Јужниот дел му претставува гола ридеста месност, која што по на север има црвено глинеста почва, на која што виреат лозјата, а во јужниот крај има белоглинеста и белокаменеста почва, речиси сосема непогодна за обработување.
Централно и најголемо населено место во Овче Поле е градот Свети Николе.
Извор: Wikipedia
Тура
(во подготовка)
Велосипедски патеки во близина:
Планинарски патеки во близина: