
Кичиница – целосно раселено село во Општина Маврово и Ростуше, во областа Горна Река. Целата „рурална средина“ на селото е прогласена за културно наследство на Македонија во 2004 година. Името на селото доаѓа од неговиот основач Кичин, кој дошол од Врање или од Куманово. Кичин зимувал со стоката во околината по пештерите.
Ова село се наоѓа во областа Горна Река, во средишниот дел на територијата на Општина Маврово и Ростуше. Сместено е на североисточната падина на планината Бистра. Селото е раселено уште од 1961 година. Селото е сместено доста високо на 1.420 метри надморска височина. Селото е сместено во мало проширување на долината помеѓу Баричка Клисура и Дервенска Клисура.[2] Оддалечено е 28 километри југозападно од Гостивар. Селото има 8 куќи кои се изградени на почеток на XX век, но нема жители.
Во делото „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Кичиница било село со 30 домаќинства и 86 жители. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Болетин живееле 120 жители, сите Албанци со православна вероисповед. На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Кичиница се води како чисто „албанско“ православно село во Реканската каза на Дебарскиот санџак со 21 куќа. Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 50 Македонци. Селото е наполно раселено по 1961 година, кога броело 48 жители, македонско население. Според пописот од 2002 година, во селото Кичиница немало жители. Истото било потврдено и на последниот попис од 2021 година.
Свети Никола – единствена и главна црква во горнореканското село Кичиница. Патронот на црквата се слави на денот на Свети Никола Летен, односно на 22 мај секоја година, кој воедно е и селска слава. Црквата била изградена во XIX век. Иконите на иконостасот биле изработени во 1849 и 1850 година. Од нив, 32 се забележани и заштитени во Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата, од кои 14 се со потпис на Дичо Зограф, а 18 од непознати автори.
Тура
Турата ја започнуваме од с. Кичиница. До селото се пристигнува по асфалтиран пат кои се двои веднаш во близина на браната во Маврово. Кога истражувавме за Кичиница, не бевме сигурни дека патот е асфалтиран, но ете за чудо, и покрај тоа што селото нема постојани жители, патот е во добра состојба со неколку исклучоци.
Поаѓаме од сретсело и внимателно го следиме ГПС уредот, но патека не успеваме да пронајдеме. Се враќаме назад и во разговор со мештаните дознаваме дека патеката е обрасната и дека никој не се движел по истата во изминатите 20-тина години. И покрај тоа што Кичиница се води како напуштено село, напротив, истото е живо и полно со викенд посетители.
По сите напори, не успевме да ја најдеме патеката, и се одлучивме да тргнеме низ шума со внимателно следење на ГПС уредот со цел да ја следиме барем насоката во вистински правец. Движењето низ необележана патека наместа и низ густа шума е навистина предизвик, но по еден час пробивање успеваме да ја изминеме шумата и да се припоиме кон оргиналната патека која води кон врвот Кичинички Рид. Постои опција да го искачите и врвот Јастребец, но тоа во некоја друга прилика.
И покрај тоа што движењето низ необележана патека претставуваше вистински предизвик, Бистра не почести со мноштво од диви малини и капини и недопрена природна убавина.
Планинарски патеки во близина:
Велосипедски патеки во близина:
с. Кичиница – врв Кичинички Рид (2 км)
врв Кичинички Рид – врв Јастребец (2 км)
- наведените опции се вклучени во GPS линкот



























