Горна Душегубица — селото се наоѓа во областа Копачка, во јужниот дел на територијата на Општина Кичево, во изворишниот дел на реката Треска, а на југоисточните падини на планината Бистра, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Маврово и Ростуше. Селото е планинско, на надморска височина од 1.100 метри. Од градот Кичево е оддалечено 14 километри, а од патот Кичево-Охрид 2,3 километри.
Мештаните наведуваат дека Душегубица е старо село. Во историските извори, историчарот М. Пурковиќ претпоставува дека е споменато околу 1300 година, кога е спомената „воденица под Душегубица“. Други историски извори се турските пописни дефтери од 1476/77 година, кога е споменато под името Душица и имало 53 куќи. Во месноста Косов Рид се среќаваат руини од стар храм. Селото порано било сместено во месноста Старо Село, кое било напуштено поради насилство.
Извор: Wikipedia
Тура
(во подготовка)
Планинарски патеки во близина:
Велосипедски патеки во близина: