Демиркаписката Клисура – една од позабележителните клисури во Македонија на реката Вардар, наречена по градот Демир Капија. Долга е 31,5 км сметано од утоката на Бошава до селото Удово. Со оваа должина е најмала во споредба со другите клисури на Вардар. Демиркаписката Клисура е планинска. Од источната страна е заградена со ограноците на Серта и Градешка Планина, а на западната со Краставец и Кожуф. Страните на некои места во клисурата се високи и до 900 м, а на Карадак и Трнка Рид и до 1000 метри. Демиркаписката Клисура е изградена во мезозојски варовници со старост од периодите јура и креда. Варовниците имаат сива до отворено сина боја и на влезот во клисурата скоро вертикално се издигаат над Вардар со пад од 85 степени. Во Демиркаписката Клисура се чувствува влијанието на средоземната клима.
Како последица на оваа клима се развила специфична вегетација карактеристична за овој климатски тип. Тука се среќаваат и разновидни диви животни како што се срната, зајакот, лисицата, куната, јазовецот, волкот, еребицата и др. Освен нив во овој дел на Вардар живее и сомот кој е најголема риба која достигнува тежина и над 1.000 кг. Во клисурата постојат површински и подземни карстни облици. Има вкупно 13 пештери од кои најпознати се Бела Вода и Змејовец.
Извор: Wikipedia
Тура
(во подготовка)
Велосипедски патеки во близина:
Планинарски патеки во близина: