• Должина во правец: 6 км
  • Тежина: 7/10
  • Време на искачување: 6 часа
  • Искачување со деца: 6,5 часа
  • Висинска разлика: 1.100 м
  • Почетна точка:

    с. Вешала (Кружна тура до Караниколичко Езеро од вкупно 17 КМ)

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Караниколичко езеро или Голем Ѓол е првото и најголемо езеро од трите кои го носат името Ѓол на Шар Планина. Тоа е природно ледничко езеро кое се наоѓа на Караниколскиот простор на 2.300 н.м.в. Од него истекува Караниколска Река.

Езерото е долго 590, а широко е 115 метри. Вкупниот обем му изнесува 675 m и има површина од 26.240 m². Длабоко е 5,60 метри. Се карактеризира со елипсовиден облик издолжен во правец од север кон југ, кој на источната страна има крива форма, а додека на западната е праволиниски. Има стрмни брегови. Езерото има многу подводни извори, кои се наредени најчесто еден до друг. Голем Ѓол нема притоки, туку својата вода ја добива исклучиво преку подводните извори. Највисок водостој езерото има во пролет.Водата е млака, но не се карактеризира со беспрекорна чистина поради загадувањата што ги прави добитокот. Сепак заради длабочината, езерото има темносина и зеленкаста боја. Според потеклото и настанокот Караниколичкото Езеро е циркно односно има ерозивно-циркно потекло, односно тоа е настанато во преиздлабениот дел на циркот каде што започнале да се движат планинските мразници, при што тоа е најголемото циркно езеро на Шар Планина.

Мал Ѓол (познато и како Мало или Горно Караниколичко Езеро) е второто езеро од трите кои го носат името Ѓол на Шар Планина. Тоа е мало ледничко езеро кое се наоѓа на Караниколскиот простор на 2.300 m надморска висина, непосредно веднаш на запад над Караниколичко Езеро во вдлабнатина (цирк) под врвовите Скарпа и Гури Шереметица. Басенот му е карпест и има крушковидна форма. Површината околу езерото е ливадеста. Долго е 115, а широко е 102 метри. Вкупниот обем му изнесува 313 m и има површина од 8.240 m². Длабоко е 0,80 метри. Се карактеризира со бистра вода, но на дното е матна. иако нема приливи, езерото никогаш не пресушува. Кога има голем водостој водата се одлива преку карпесто влабнатото корито.

Тура

(во подготовка)