• Должина во правец: 2 км
  • Тежина: 3/10
  • Време на искачување: 1 час
  • Искачување со деца: 1 час
  • Висинска разлика: 200 м
  • Почетна точка:

    с. Бабино

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Бабино – село во Општина Демир Хисар, во областа Железник, неколку километри северозападно од градот Демир Хисар, во југозападниот дел на Македонија. Селото е најпознато по најголемата приватна библиотека во Македонија, приватната библиотека „Ал-Би“ сопственост на Стево Степановски, која брои над 20.000 книги, поради која го посетуваат многубројни туристи. Според класификацијата на Министерството за локална самоуправа, Бабино спаѓа во категоријата ридско-планински села.

Бабино се наоѓа во средишниот дел на поранешна Општина Сопотница, 18,5 километри северозападно од Демир Хисар, а се наоѓа на двете страни на Бабинска Река, притока во изворишното сливно подрачје на Црна Река, на источниот дел од Плакенска Планина. Лежи на 2 километри од патот Кичево – Демир Хисар. Оддалечено е 45 км од Битола, а 35 км од Кичево, со кои е поврзано со асфалтен пат. Се работи за ридско село кое се наоѓа на надморска височина од 750 метри. Климата е умерена. Атарот на селото е 9,9 квадратни километри. Селото се наоѓа меѓу трите рида Павлов Рид (911), Три Синори (1.111) и Курати (1.017).

Во атарот на Бабино има многу извори. По текот на Базерничка Река, на речиси секои 100 метра има по еден извор почнувајќи од Горни ливади, па сè до вливот во Црна Река. Водата од изворите ја надополнува реката, а ја користи и рибникот.

Селото било активен центар на Илинденското востание. Вечерта на 1 август 1903 г., во бабинските ливади на месноста „Рамни Ливади” се развеало македонското знаме кое било наполно црвено, со натпис „Слобода или смрт“. Во бабинските ливади четите положиле заклетва „Смрт или слобода” и тргнале за напад на село Прибилци. Населението било благовремено известено да бега во гората. На чело со востаничките чети биле: Јордан Пиперката и Никола Дечев – војводи, а на селската чета бил војводата Степан Степановски. Селото било дел од Крушевската република, која траела само 13 дена. Загушувањето на востанието било со помош на турски аскер од Азија. Во последните слободни денови на селото, една група на чети се окопала под село Бабино на местото „Кула“ од каде отворила оган на турскиот аскер. Турскиот аскер почнал да ги гони четите и навлегол во селата и во Илинска Планина. Кај Илинска црква дошло до судрување со турскиот аскер и таму загинале 7 четници, сите од село Вирово.

Археолошки наоѓалишта:
Бојано Лозје — некропола од раноантичкото време;
Вртешка — населба и топилница од доцноантичкото време; се наоѓа западно од селото, на широко плато меѓу месностите Лозје, Нива и Сун, во нива на месен жител, каде се среќаваат остатоци од топена железна руда. По површината на нивите се среќаваат фрагменти од керамички садови.
Дуковска Крастица — топилница од доцноантичкото време;
Црно Село — населба и некропола од средниот век.

Цркви:
Црква „Св. Никола“ — главна селска црква.

Пештери:
Змејова Дупка — на влезот од пештерата има два сталактити со човечки раст за кои се верува дека се змејот и неговата убава жена скаменети.

Реки:
Бабинска Река

Змејова Дупка – лоцирана во близина на с. Бабино на Павлов Рид. Според легендата, пред многу векови за време на летната слава во црквата Св. Атанасиј во с. Доленци, на оро се фатила најубавата девојка од семејството Дамјановци. Откако го повела орото, за миг ја грабнал змејот и ја однел во својот дом – Змејова Дупка. Змејот преку ден спиел, додека навечер крадел и влезот го затварал со голем камен. Змејот многу ја сакал убавицата од с. Доленци, но нејзината мајка не се откажувала и секоја вечер одела до влезот на пештерата за да разговара со својата ќерка. Една ноќ ја замолила ќерка си да го праша змејот од што највеќе се плаши и од што може да умре. Змејот занесен од убавината на девојката ја открил својата најголма тајна дека може да умре само од солена вода. По неколку дена, мајка и на убавицата и однела сол. Изморениот змеј вечерта побарал вода и добил солена вода од убавицата и кога почувствувал дека е надмудрен и дека силата го напушта ја проколнал девојката која веднаш се скаменила. Змејот веднаш ја прегрнал и тој останал до убавицата скаменет. И денеска, тие стојат скаменети во прегратка внатре во пештерата.

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)