Базерник – село во Општина Демир Хисар, во областа Железник, во околината на градот Демир Хисар.
Селото се наоѓа во западниот дел на Општина Демир Хисар, чиј атар се издига до сртот на Плакенска Планина. Селото е планинско, на надморска височина од 950 метри.
Од регионалниот пат Кичево-Демир Хисар, селото е оддалечено 5,5 километри, од општинското средиште градот Демир Хисар 22 километри. Селото за првпат се споменува во турските пописни дефтери од 1468 година, каде селото е запишано под името Бачрник и имало 28 семејства, 1 неженети и 1 вдовица или вкупно околу 145 жители. Во XIX век, Базерник се наоѓало во Битолската каза, нахија Демир Хисар, во Отоманското Царство.
Археолошки наоѓалишта:
Дупки — рудник од доцноантичкото време;
Св. Атанас — црква и некропола од средниот век;
Селиште — населба од средниот век;
Средни Ливади — населба и топилница од доцноантичкото време;
Црквиште — црква од средниот век.
Цркви:
Црква „Св. Атанасиј“ — главна селска црква;
Реки:
Базерничка Река
Извор: Wikipedia
Тура
(во подготовка)
Планинарски патеки во близина:
Велосипедски патеки во близина:
(наскоро)