Брајчино – село во Општина Ресен, во областа Долна Преспа, во околината на градот Ресен, сместено во близина на брегот на Големото Преспанско Езеро. Селото е сместено на источниот дел од Големото Преспанско Езеро, во една од подлабоките западни пазуви на планината Баба, во средишниот дел на живописната Брајчинска Река. Се простира на обата брега на реката, на надморска височина од околу 1000 метри. Низ селото тече бистрата и бујна Брајчинска Река, која го дели селото на Горно Маало од нејзината лева страна и Долно Маало на нејзиниот десен брег. Атарот на Брајчино изобилува со извори и брзи бистри водотеци (леви и десни притоки на Брајчинска Река или Стара Река, како што ја нарекуваат мештаните) на која некогаш во селото работеле 12 воденици и 4 валалници. Планинските падини околу Брајчино изобилуваат со густа букова и дабова шума, а од самото село почнувајќи од ширината на игралиштето пред Горното Маало водат неколку обележани планинарски патеки кои низ густата букова, дабова и ореова шума богата со извори водат кон врвот Пелистер (3 часа) и Големото Езеро од Пелистерски Очи (6 часа), планинарските домови Неолица и Копанки и селото Нижеполе во Битолско, кои се обележани со патоказни табли и планинарско обележување.
Извор: Wikipedia
Тура
(во подготовка)
Планинарски патеки во близина:
Велосипедски патеки во близина:
с. Брајчино – врв Цуце (11 км)
врв Цуце – врв Балтан (3 км)
врв Балтан – врв Стол (1,5 км)
- наведените опции се вклучени во GPS линкот