• Должина во правец: 24 км
  • Тежина: 9/10
  • Време на искачување: 7 часа
  • Искачување со деца: / часа
  • Висинска разлика: 1.700 м
  • Почетна точка:

    Виница – Виничко Кале

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Виничко Кале – утврдена населба од неолитот и доцната антика, со градби покрај градскиот бедем од IV-VI век целосно зачувани. Се наоѓа на југозападниот брег на градот Виница, висок околу 70 м, покрај патот Виница — Лески. Се наоѓа југозападно од градот Виница, лево од Градечка Река, на рид со неправилен облик, издолжен во правец југоисток-северозапад, со надморска височина од 400 м. Опкружен е со стрмни страни со исклучок на југоисточната која со длабок и широк вештачки ров го одвојува од соседната височина. Има нерамен врв, со пад кон северозапад, каде висинската разлика достигнува и до десет метри. Габаритот на просторот што го зафаќаат остатоците од утврдувањето има приближни димензии од 250 × 150 м, што изнесува околу 2,5 ха. Според површинските остатоци, населбата се простирала и на падините од ридот, како и на околните ритчиња. Со својата височина и положба наоѓалиштето доминира над просторот од Виница, а има убава прегледност и над коритото на Брегалница.

Виничкото Кале како археолошко наоѓалиште е забележано уште во 1954 од страна на М. Грбиќ, под името „Градиште“, а подоцна, во 1958, М. и Д. Гарашанин го вовеле поимот „Кале Баир“. Интересот за неговото истражување се појавил во 1978 година, кога археологот Ц. Крстевски донел во Музејот на Македонија пет фрагменти од теракотни релјефи со иконографски претстави, дотогаш непознати, особено интересни за проучувањето на старохристијанскиот период. Така, од 1985 година се започнало со археолошки ископувања кои непрекинато траат до денес. На почетокот како заштитни, а подоцна систематски, со овие ископувања е пронајдена релативната стратиграфија на наоѓалиштето. Според археолошките наоди, особено керамичките, животот во населбата се одвивал во долг континуитет, од неолитското време сè до полниот среден век, со таа разлика што се најмногубројни архитектонските остатоци од доцноантичкото време (IV век-V век).

Тура

(во подготовка)