Долно Дупени – село во Општина Ресен, во областа Долна Преспа, во околината на градот Ресен, сместено во близина на брегот на Големото Преспанско Езеро.
Во близина на селото се наоѓа грчко-македонската граница, како и планираниот граничен премин „Маркова Нога“. Воедно, месноста Маркова Нога претставува и најјужна точка на денешната територија на Република Македонија. Името води потекло од времето на Цар Самоил, кога делови од неговата ослепена војска биле доведени во Преспа и некои од нив сместени на местото каде подоцна настанало селото. Бидејќи војниците биле со извадени очи (со дупки по лицето) кога требало да се посочи местото на кое тие престојувале, се велело кај „дупените“. Со текот на времето придавката „дупени“ била пренесена на месноста, а подоцна кога на таа месноста настанало и селото.
Селото е сместено во близина на граничното тромеѓе со Грција и Албанија, на југоисточната страна на Големото Преспанско Езеро, на 2 километри од македонско-грчката граница. Долно Дупени претставува најјужно населено место во Македонија, сместено на надморска височина од околу 900 метри. Се наоѓа на 34 километри оддалеченост од градот Ресен и низ него поминува директниот патен правец кој ги поврзува селата и туристичките населби на источниот брег на Преспанското Езеро со магистралниот пат Ресен-Битола, а истовремено од Долно Дупени води и директен асфалтен пат кон селото Љубојно, кој продолжува до селото Брајчино. Сместено е во подножјето на Баба Планина на допирот со котлинското дно, а на оддалеченост од неколку стотини метри од брегот на Преспанското Езеро.
Долно Дупени е преместено село. Негова претходна местоположба била месноста Горно Село, на околу 1 километар источно од денешното (на висорамнинката помеѓу Стара и Јанинска Река), на која сè уште има препознатливи остатоци (темели, дворни огради, улици, гробишта). Преместувањето настанало во периодот помеѓу 1908 и 1914 година заради потребата од доближување до земјишните имоти во појасот на крајезерската рамнина.
Археолошки наоѓалишта:
Рот – некропола од доцноантичко време;
Гробишта – црква и некропола од средниот век;
Долно Дупени – населба од доцноантичко време;
Герамидница – населба од доцноантичко време;
Маркова Нога – населба од хеленистичко и доцноантичко време;
Цркви:
Црква „Св. Архангел Михаил“ – главна селска црква, обновена во 1893 година на стари темели од крајот на X или почеток на XI век;
Црква „Св. Атанасиј“ – се наоѓа на 2 километри источно од селото. Изградена е 1864 година врз постар објект од XVII век;
Црква „Св. Кузман и Дамјан“ (Св. Враче) — се наоѓа на 1,5 километри источно од селото, подигната на темели на постар храм;
Црква „Св. Никола“ – се наоѓа на еден километар источно од селото;
Црква „Св. Петка“ – се наоѓа на 500 метри источно од селото;
Црква „Св. Ана“ – се наоѓа на 2 километри јужно од селото;
Црква „Св. Димитриј“ – се наоѓа на еден километар јужно од селото;
Црква „Успение на Пресвета Богородица“ – манастирска црква. Се наоѓа на 1,3 километри источно до селото. Изградена е во почетокот на XX век;
Црква „Св. Илија“ – се наоѓа југоисточно од селото, се претпоставува дека потекнува од времето на Цар Самоил;
Црква „Св. Филип“ – се наоѓа југоисточно од селото.
Споменици:
Спомен-чешма за загинатите од НОБ
Реки:
Стара Река
Јанинска Река
Тура
(во подготовка)
Планинарски патеки во близина:
Велосипедски патеки во близина:
с. Долно Дупени – врв Цуце (8 км)
врв Цуце – врв Балтан (3 км)
врв Балтан – врв Стол (1 км)
- наведените опции се вклучени во GPS линкот