Козји Камен – планински врв на планината Баба, во рамки на националниот парк Пелистер во југозападниот-западниот дел на Република Македонија. Се наоѓа североисточно од селото Претор. Неговата надморска височина изнесува 2.180 метри.
Планинарски дом „Широка“ — планинарски дом во Македонија, сместен на надморска височина од 1.950 метри, под врвот Пелистер, на планината Баба. Домот се наоѓа на надморска височина од 1.950 метри под самиот врв Пелистер, на околу 23 километри од градот Битола. До Планинарскиот дом најлесно се стигнува од „Инфо центарот“ на националниот парк „Пелистер“ или поранешно место викано „на Лазо вилата“ со старт од 1360 метри надморска височина, со должина на патеката од околу 9 км. Пешки се стигнува за 2.30 до 3 часа по макадамски пат, може да се стигне и со теренско возило, а е идеално за со планински велосипед. Планинарскиот дом познат како „Ловечка куќа“ во минатото немало услови за користење, а во лето го користеле само берачите на боровинки за преспивање и складирање на собраните боровинки.
Во 2016 година почнало обновување на домот во организација на Планинарскиот спортски клуб „Димитар Илиевски-Мурато“ и Скијачкиот и сноубординг клуб „ССНЛ“ од Битола со средства од спонзори и донации од љубителите на планината. Реновирањето сè уште не е завршено, но створени се услови за пристојно сместување.
Домот е опожарен во ноември, 2021 година и е надвор од функција.
Извор: Wikipedia
Тура
(во подготовка)
Планинарски патеки во близина:
Велосипедски патеки во близина:
хотел Молика – ПД Широка (8,5 км)
ПД Широка – врв Козји Камен (1,5 км)
- наведените опции се вклучени во GPS линкот