Мало Црско – село во областа Железник, во Општина Кичево, на патот помеѓу градовите Кичево и Демир Хисар. До март 2013 година, селото било дел од поранешната Општина Другово, која била споена со Општина Кичево.
Селото се наоѓа во областа Железник, во јужниот дел на територијата на Општина Кичево, недалеку од десната страна на патот Кичево-Демир Хисар. Селото е планинско, на надморска височина од 980 метри. Од градот Кичево е оддалечено 18 километри.
Селото е сместено на тераса, во непосредна близина на соседното село Големо Црско. Има траги на постара населба. Под селото се наоѓаат рушевини од тврдина.
Според верување на мештаните, во далечното минато селата Големо и Мало Црско претставувале една населба, која била сместена во месноста Грмаѓе. Жителите на населбата за да ги избегнат честите грабежи се повлекле во долините на планините Влак и Осој, со што настанале денешните две села. Во XIX век, Мало Црско било село во Демирхисарската нахија во Битолската каза на Отоманското Царство.
Цркви:
Црква „Св. Ѓорѓи“ — главна селска црква, подигната во 1848 година;
Црква „Св. Ѓорѓи“ — селска црква, подигната во 1933 година; и
Црква „Св. Недела“ — селска црква, подигната во XX век.
Извор: Wikipedia
Тура
(во подготовка)
Планинарски патеки во близина:
Велосипедски патеки во близина:
с. Мало Црско – врв Кафчел – с. Цер (12 км)
- двете опции се вклучени во GPS линкот