• Должина во правец: 10 км
  • Тежина: 7/10
  • Време на искачување: 3,5 часа
  • Искачување со деца: 4 часа
  • Висинска разлика: 1.200 м
  • Почетна точка:

    Викенд населба Мала Река

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Лисец – највисок врв на планината Голешница, која е крајната источна огранка на планинскиот масив Мокра во средишниот дел на Македонија. Неговата надморска височина изнесува 1.935 метри.

Сместен е на просторот помеѓу Скопје и Велес во исклучително тешко пристапен терен обраснат со многу дабова, букова, зимзелена и нискостеблеста шума во која што живее многу дивеч, ограден од реката Вардар на исток, Кадина Река на север и Тополка на југ додека на запад преку сртот на врвот Сипичан (1.790 м.) и огранката Јуручица се поврзува со Бегово Поле и највисокиот врв на целиот масив – Солунска Глава (2.540 м.).

Ретката посетеност на врвот Лисец на Голешница се должи на тешката пристапност поради географските одлики и услови на теренот. Пристапот од сите страни на врвот Лисец е опкружен со многу ниски преслапи и превои како Вилјак (1.125 м.) над кој се извишува врвот Дива Леска (1388 м.) и Мала Река (816 м.) над кој се издигнува врвот Студена Вода (1475 м.), поради што искачувањето на Лисец подразбира искачување на овие врвови спуштање пониско до овие седла и повторно искачување до самиот врв, при што целосниот потфат за искачување достигнува и 2000 метри денивелација надминувајќи и временски период од 6-7 часа.

Недалеку, наспротив врвот постои разрушениот планинарски дом и некогашно воздушно лекувалиште „Бреза“ на истоимениот гребен и врв висок 1396-1405 м.н.в. Глетката од врвот ги опфаќа Солунска Глава, Китка, долината на Вардар, поширокиот регион на Велешко со вештачкото езеро „Лисиче“.

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)

с. Мала Река – врв Османбежица (8 км)

  • Наведените опции се вклучени во GPS линкот