• Должина во правец: 13 км
  • Тежина: 8/10
  • Време на искачување: 5 часа
  • Искачување со деца: 6 часа
  • Висинска разлика: 1.500 м
  • Почетна точка:

    с. Тисовица

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Селото Тисовица се наоѓа во јужниот дел на Скопската Котлина, на територијата на Општина Зелениково, непосредно до Кадина Река, а под северната падина на Голешница. Сместено во областа Торбешија, во јужното подножје на планината Китка. Тисовица е ридско село, расположенио на надморска височина од 600 метри.

Селото се наоѓа лево и десно од Кадина Река, распослано на височина од 700 до 900 метри. Во самото село нема вода за пиење, туку населението се снабдува со вода од самата Кадина Река и од потоци. Воедно, над селото се наоѓа извор викан „Старо Село“.

Во минатото, селото прво било православно-македонска населба, што може да се заклучи и од името на селото, но и по некои топоними (Попов Дол, Липовица, Кадина Река, Уши, итн.) и по иселените родови. На почетокот на XIX век, во Тисовица се доселиле три муслиманско-албански куќи (од кои потекнуваат сегашните родови) по потекло од северниот дел на Албанија. Овие Албанци најпрвин дошле во рамничарското село Зелениково, крај Вардар, а во Тисовица имале само летни сточарски колиби. Но, набрзо овие колиби станале куќи.

Заради доселувањето на Албанците во Тисовица и во околните села (Диковец, Палиград и Гумалево), Македонците се иселиле од селото, а еден дел од нив биле и убиени. Последни македонски иселеници биле Симоновци, кои се преселиле во соседното македонско село Градовци.

По иселувањето на македонските жители, муслиманското население ги уништиле и видните знаци и од самите христијански гробишта, како и од самата црква, која се верува дека била посветена на Свети Никола, за која сепак не се знае точната местоположба.

Македонскиот просветител Јордан Хаџи Константинов-Џинот во својата патописна статија за селата јужно од Скопје насловена „Јужна страна скопска“, објавена во „Цариградски весник“ на 1 мај 1855 година, го споменува селото Тисојци со многу урнисани цркви кое денеска е турско.

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)

с. Тисовица – Коритски Врв (11,5 км)
с. Тисовица – врв Османбежица (11 км)
с. Тисовица – врв Лисец (13 км)

  • наведените опции се вклучени во GPS линкот