Бањичко Кале (или само Кале) — археолошко наоѓалиште и споменик на природата сместен на 5 км југозападно од селото Бањица во Општина Чашка, Велешко. Претставува доминантен рид со зарамнет врв, кој зафаќа површина од околу 2 декара. На ридот се видливи остатоци од градиште од доцноантичкото време од ѕидови во должина од 150 м. Во внатрешноста на градиштето има рушевини од ѕидови на повеќе објекти, големо количество градежен материјал, фрагменти од керамички садови и монети. Бањичкото Кале во 1983 г. е прогласен за природна знаменитост поради застапеноста на фосили во варовничката карпа од периодот на горната креда. Во варовничките плочи се најдени остатоци од богата морска фауна, претставена со школки, амонити и полжави. По богатството на наодите спаѓа во редот на најинтересните наоѓалишта. Бањичкото Кале во 1983 г. е прогласен за природна знаменитост поради застапеноста на фосили во варовничката карпа од периодот на горната креда. Во варовничките плочи се најдени остатоци од богата морска фауна, претставена со школки, амонити и полжави. По богатството на наодите спаѓа во редот на најинтересните наоѓалишта.
- Бањичко кале е прогласено за споменик на природата во 1983 годин.
Тура
(во подготовка)
Планинарски патеки во близина:
Велосипедски патеки во близина: