Лисиче – вештачка акумулација, дел од истоимениот хидросистем, сместено во пазувите на планината Јакупица на територијата на Општина Чашка во непосредна близина на истоменото село. Водната површина иснесува еден квадратен километар и со своите 25 милиони кубни метри вода, се вбројува во средно големите акумулации во Македонија. Него го полнат две реки, Тополка и Врановска. Езерото основно служи за водоснабдување на 60-тина илјади луѓе, од општините Велес и Чашка и за наводнување. Длабоко е до 60 метри и се наоѓа на 450 метри надморска височина. На средината на езерото се наоѓа Водозафатната кула, која е меѓу највисоките изградени во земјава, со височина од 70 метри. Комплетниот проект почнал да се гради од 1987 година а завршен бил 20 години подоцна, кога бил и свечено пуштен во употреба во септември 2007 година.
Извор: Wikipedia
Тура
(во подготовка)
Планинарски патеки во близина:
Велосипедски патеки во близина: