• Должина во правец: 7,5 км
  • Тежина: 7/10
  • Време на искачување: 3 часа
  • Искачување со деца: 3,5 часа
  • Висинска разлика: 400 м
  • Почетна точка:

    Планинарски дом Караџица

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Планинарскиот дом „Караџица“ се наоѓа на падините на планината Мумџица која е составен дел на планинскиот масив Јакупица која пак го зазема централниот дел на Република Македонија. Изградбата на домот е започната во 1952 година, а во свечена употреба за посетителите е пуштен во1954 година.(според кажувања на планинари кои учествувале на отворањето). Домот Караџица, се наоѓа на 1450 м.н.в. и до него може да се пристигне на неколку начини и од неколку правци. Со возило патот води од Драчево кон селата Д.Количани-Горно Количани-Црвена Вода-Преслап- потоа кон викенд населбата Мала Река, па кон селото Алдинци каде по неколку километри се пристигнува во домот. Од Драчево до п.дом Караџица има 38 км. колски пат. Следна опција за пристигнување со теренско возило е од велешка страна, односно преку селата во општина Чашка- Лисиче- Дреново-Долно Јаболчиште- Горно Јаболчиште-Дом Караџица. Опциите за пристигнување пеш во п.дом Караџица се следни: (скопско)-Преслап-Кадина Река-с.Алдинци-Караџица (од прилика 2.30 часа пешачење), с.Цветово-п.дом Караџица (од прилика 3.30 минути), с.Патишка Река-Салакови Езера-п.дом Караџица (8 часа пешачење), с.Црн Врв-Салакови Езера-п.дом Караџица (6 часа пешачење) (велешко) од п.дом Чеплес-Солунска Глава-П.дом Караџица од прилика 6 часа пешачење.

Со пристигнувањето во домот се отвораат нови опции за планинарење, mountain biking, и други спортови. Опции за прошетки со почетна точка п.дом Караџица има многу благодарејки на живописната природа, ние ќе наведеме неколку кој се најпосетувани, а со тоа и најатрактивни: Каменот Жаба и Кадина Река (30-тина минути пешачење), врвот на планината Мумџица 1569 м.н.в. ( 30-тина минути пешачење), вливот на Салаковска во Кадина Река (1 час пешачење), Споменикот во чест на паднатиот руски авион (1.30 час) врвот Сипичан 1790 м.н.в. ( 2.30 часа пешачење), Бегово Поле 2000 м.н.в.(3.00 часа пешачење), Солунска Глава-2540м.н.в. (5.00 часа), Салакови Езера 2180 м.н.в.(4.00 часа). Во непосредна близина на домот има повеќе поголеми планински реки и потоци кој се погодни за риболов. Поголеми и позначајни реки се Кадина Река, Салаковска Река, Алијагица, Јуручка Река и Мала Река. Погодни релации за off roud и mount biking се п.дом Караџица-Солунска Глава, п.дом Караџица- с.Горно Јаболчиште, п.дом Караџица-Салаковски Езера и др.

Во близина на планинарскиот дом Караџица се наоѓаат и неколку археолошки наоѓалишта и тоа, “Кале” на вливот на Јуручка во Кадина Река, потоа археолошкото наоѓалиште Алдинци, како и влашки колиби на Салакова Планина, Драчевски рид, над селото Црн Врв и други.

Околината на домот е богата и со разни видови на шумски плодови, и тоа габи, чаеви, шумски јагоди, боровинки, капини, малини и др. Во периодот од осамостојувањето на Македонија до денес се сменија повеќе планинарски друштва кои повеќе или помалце го одржуваа домот и тоа планинарските друштва: Празни Торба, Јосип Франговски-Охис, Кораб-Скопје. А последните години го одржуваат целосно ПСК Драчево-Филип Чакаров.

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)