• Должина во правец: 24 км
  • Тежина: 6/10
  • Време на искачување: 2,5 часа
  • Искачување со деца: 3 часа
  • Висинска разлика: 100 м
  • Почетна точка:

    Скопје (Центар)

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Ајватовци – село во рамките на Општина Илинден, во околината на градот Скопје. Ајватовци се наоѓа во источниот дел на Скопската Котлина во рамките на Општина Илинден на само неколку километри од автопатот Скопје – Куманово од неговата лева страна. Селото е рамничарско и лежи на надморска височина од 320 метри. Расположено е во подножјето на Ајватовски Рид, на допирот помеѓу возвишението (429 м) на север и котлинското дно на југ (233 м). Низ селото минува асфалтниот пат кој води кон селата Мршевци, Бујковци, Бучинци и Миладиновци, додека на самата средина на селото кон југ (десно) се одвојува патот за селото Бунарџик.

Свети Трифун – главна селска црква во скопското село Ајватовци, Општина Илинден. Храмот се наоѓа на падината на Ајватовски Рид веднаш над последните куќи во самото село Ајватовци и до него води асфалтиран пат. Оваа црква е постара и главен црковен храм на селото Ајватовци.

Свети Петар и Павле – православна црква во селото Ајватовци недалеку од градот Скопје. Храмот се наоѓа на Ајватовски Рид над самото село Ајватовци и до него води асфалтиран пат. Од ова место се пружа прекрасна глетка на целото Скопско Поле.

Дељадровскиот манастир претставува македонски православен манастирски комплекс сместен недалеку од скопското село Дељадровци, веднаш покрај автопатот Скопје – Куманово. На 6 мај 2008 целиот комплекс е целосно реосветен од страна на тогашниот митрополит Полошко-кумановски Г. Кирил, кој исто така почива во овој комплекс. Денес манастирскиот комплекс претставува прекрасно уредено место со можности за комплетен престој во кој се нуду преноќиште и традиционални јадења.

Во манастирскиот комплекс постојат 5 цркви:

„Св. Ѓорѓи“ – главната манастирска црква на Дељадровскиот манастир;
„Рождество на Пресвета Богородица“ — црква во Дељадровскиот манастир;
„Св. Архангели Михаил и Гаврил“ — црква во Дељадровскиот манастир;
„Св. Петка и Св. Недела“ — црква во Дељадровскиот манастир;
„Св. Злата Мегленска“ — црква во Дељадровскиот манастир;

Извор: Wikipedia

Тура

Турата ја започнуваме од Аеродром, иако на GPS записот започнува од Скопје – Центар. Возиме кон Маџари, Хиподром, го поминуваме надвозникот на автопатот и тука завршува градскиот метеж и започнува вистинското уживање. Возиме кон с. Ајватовце и се насладуваме на непрегледните пространства на Скопско Поле. Пред Ајватовце качуваме незначителна угорнина и пристигнуваме до Црквата Св. Трифун. Веднаш над нас на Ајватовци Хил, се наоѓа Св. Петар и Павле, црква и манастирски комплекс.

Скопје (Маџари) – с. Ајватовце (11 км)
с. Ајватовце – с. Дељадровце (6 км)
Скопје – Ајватовце – Дељадровце – Кадино – Орешани (70 км) – кружна

  • наведените опции се вклучени во GPS линкот