• Должина во правец: 18,5 км
  • Тежина: 8/10
  • Време на искачување: 4,5 часа
  • Искачување со деца: / часа
  • Висинска разлика: 1.180 м
  • Почетна точка:

    Планинарски дом Караџица

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Бегово Поле – карстно поле на планинскиот масив Јакупица на северната страна од врвот Солунска Глава.

Полете се наоѓа на надморска висина од околу 2000 метри. Долго е околу 1,5 км, a широко околу 500 до 1000 м, со благ пад накај запад. Низ него тече мало поточе кое формира неколку езерца и локви, па потоа понира во најниската точка. На крајот на полето видлива е длабока јама која е полна со снег. Се верува дека водата која понира на Бегово поле, извира од другата страна на Солунска Глава, во изворите на Бабуна.

Од 2000 г. се вршени повеќе спелеолошки истражувања во карстниот регион околу Солиунска Глава. Се верува дека под врвот има огромни резервоари за вода, што се поистоветува со старото локално име за масивот „Мокра Планина“.

На Бегово поле летно време функционираат неколку бачила, и се користи како високо пасиште за овци и коњи.

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)