• Должина во правец: 94 км
  • Тежина: 9/10
  • Време на искачување: 8 часа
  • Искачување со деца: / часа
  • Висинска разлика: 2.250 м
  • Почетна точка:

    Скопје

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Јасен – природен резерват во северозападна Македонија прогласен во 1958 година, најпрвин само на планината Караџица, а во 1960 година е проширен и на Сува Гора. Опфатен е целиот кањон на реката Треска. Резерватот зафаќа површина од 24.000 ха. Највисока точка е врвот Караџица (2.473 м). Геолошката подлога е доломит со тенки слоеви од лискун. На теренот е вештачкото езеро Козјак и повремено тече реката понорница Оча и нема други води. Од флората се заштитени Viola koshaninii, Thymus oehmianus, Dianthus kapinensis и др. Од животните има дива коза, мечка, рис и др., а од птиците – лештарка (Tetrastes bonasia), белоглав мршојадец (Gyps fulvus), був (Bubo bubo) и други. Резерватот Јасен покрива околу 32.000 квадратни метри површина најчесто со шума и патишта, како и голем број на пократки неасфалтирани патeки.

Пештерата Пешна се наоѓа на шест километри од Македонски Брод. Според спелеолозите, Пешна е пештера со најголем отвор на Балканот – висината на отворот изнесува 40 метри, а широчината 56 метри. Должината на пештерата е 124 метри. Во пештерата се гнездат ластовици, а во неа живеат и лилјаци. За убавината на пештерата зборува тоа што „Њујорк тајмс“ ја споредил со „Helms Deep“ од „Господарот на прстените“.

Од крајниот северен дел на пештерата, по силни дождови и топење на снегот избива силен вруток, кој во сушните периоди од годината наполно пресушува. Според месното население, водата понира од селото Крапа, кое се наоѓа на повисока надморска височина, а која формира неколку езерца и водопади во „најголемиот пештерски систем кај нас“, за кој се претпоставува дека е долг дури десет километри.

На влезниот дел на пештерата постои средновековна тврдина и остатоци од воденица. Остатоците од тврдината во пештерата се доведуваат во врска со месноста „Девини кули“ која се гледа од внатрешноста на пештерата. Според локалните легенди, на двете тврдини живееле сестрите на Крале Марко. Пешна е регистрирана како наоѓалиште од доцноантичкиот период во Македонија. Пред влезот на самата пештера е откриена античка гробница.

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)