Кадина Пештера – поткапина на левиот брег на Кадина Река во близината на селото Гумалево, Општина Зелениково, Скопско. Од неодамна таа претставува познат и доста посетувано место за спортско качување и алпинизам. Кадина Пештера претставува поткапина на голема варовничка карпа која се издигнува високо веднаш над левиот брег на Кадина Река на 1 километар југозападно од селото Гумалево. Пештерата се издигнува 50 метри над самиот брег на Кадина Река на местото каде што таа прави завој течејќи низ тесна клисура. Месното население ја нарекува само како Пештера или Шпела (на албански), додека името Кадина Пештера и е дадено од спортските качувачи и планинарите, поради нејзината непосредна близина над Кадина Река.
На запад од селото Гумалево, од левата страна на Кадина Река, на допирот помеѓу кристалесттите шкрилци и дискордантно на нив поставените хипуритски варовници, изградена е голема поткапина, со должина од 80 до 100 метри и височина од 15 метри. Во внатрешноста на поткапината има појава на мали пештерски украси, сталактити.
Почнувајќи од 2013 годиниа, кога од спортските качувачи и алпинисти се откриени можностите кои ги нуди, Кадина Пештера е препознаена како извонреден и големо место со интересна варовничка карпа која претставува еден вид спортско качувачко богатство и во моментов нуди можност за качување на 12 насоки со тежина која варира од 6а до 7c+. Започнувајќи од 2014 година, секоја година, на почетокот на пролетта во месец март, на Кадина Пештера се одржува „Цветен качувачки фестивал – Кадина Пештера“. За потребите за подобар пристап до местото од заинтересираните посетители, качувачи и туристи, поставени се повеќе патоказни табли во Зелениково, Страхојадица и Гумалево, каде што на крајот на селото постои и информативна табла и обележана пешачка патека.
Извор: Wikipedia
Тура
Кружна ROAD тура од вкупно 70 км. од Скопје – Орешани – Таор со можност за посета на спортско-качувачкиот локалитет Кадина Пештера. Турата е идеална за ROAD точачиња доколку сте жител на Скопје, а доколку имате време за уживање, постои можност да го посетите спортско-качувачкиот локалитет Кадина Пештера покрај Кадина Река.
Велосипедски патеки во близина:
Планинарски патеки во близина:
Скопје – с. Ржаничино – с. Таор – с. Гумалево – с. Орешани – Скопје (70 км)
с. Гумалево – Спортско качувачки локалитет Кадина Пештера (1 км)
- наведените опции се вклучени во GPS линкот