• Должина во правец: 8,5 км
  • Тежина: 8/10
  • Време на искачување: 3,5 часа
  • Искачување со деца: 4 часа
  • Висинска разлика: 1.070 м
  • Почетна точка:

    с. Маврово – Ски Центар

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Маврово – село во Општина Маврово и Ростуше, сместено на брегот на Мавровското Езеро. Селото претставува еден од најпознатите зимски туристички центри во Македонија.

Селото Маврово е сместено во рамките на најголемиот национален парк во Македонија — Националниот парк Маврово — на јужниот брег на Мавровското Езеро. Сместено е под падината на планината Бистра на надморска височина од 1240 метри, со што тоа претставува планинско село. Според записите на Ѓорче Петров од 1896 година, на крајот на XIX век, Маврово било распрснато и раздробрено село така што неговата обиколка имала околу 1½ час. Разделено било на 8 маала: Ненчеви, Влаовци, Кичиковци, Бајрамовци, Шамамовци, Шарковци, Ариќевци, Фешековци. Во тоа време Маврово се делело на два дела: Горни крај и Долни крај, при што првиот бил сместен во еден дол наречен Речиште, а долниот во еден дол на рамното. По Речиштето тече еден поток кој ги собира водите од околните гори, а се губи во Мавровското Поле. Маврово било последното село на тетовската каза на југ – југозапад од Тетово од каде до него имало 10 часа пат.

Името Маврово значи Црно Поле, било дадено на областа по некоја голема битка во минатото. Мавровското (Црно) Поле, било потопено во 1953 година, со цел да се направи познатото вештачко Мавровско Езеро. Денес, во контекст на тоа, доказ е старата селска црква Свети Никола, која редовно може да се види потопена во вода.

Според една легенда, во минатото тука се одиграла страшна битка, во која многу војници загинале, поради што местото го добило името „ Мавро “ односно „ Црно “ (поле). Најверојатна е легендата според која тука порано доаѓале и живееле Мавровунци (Црнорунци – Црноволнци), Власи, кои одгледувале овци со црно руно од каде потекнува и името на Маврово. Според записите на Ѓорче Петров името на Маврово му произлегува од турскиот збор мав (маф), т.е. место кое нема ништо и ништо не признава над себеси. Дека името на Маврово потекнувало од зборот мав/маф потврдува и преданието на жителите кое го запишал Томо Смилјаниќ – Брадина, според кое Ајредин-паша маф го сторил селото (го опростил) поради тоа што се придружило на дебарскиот Далип-бег. Во рамките на етничка Македонија постои уште едно село со име Маврово кое што се наоѓа во Костурско во егејскиот дел на Македонија.

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)