• Должина во правец: 6 км
  • Тежина: 6/10
  • Време на искачување: 2,5 часа
  • Искачување со деца: 3 часа
  • Висинска разлика: 400 м
  • Почетна точка:

    с. Облаково

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Облаково – село во Општина Битола чиј атар се издига до сртот на Облаковска Планина, во околината на градот Битола.

Облаково е сместено на околу 22 км северозападно од градот Битола, во близина на акумулацијата Стрежево. Селото се наоѓа на надморска височина од 922 м. До селото се стигнува по патот што води кон Стрежевско Езеро, пат кој поминува крај селата Кукуречани, Драгожани, Секирaни и Габалавци. Од селото Габалавци до Облаково се стигнува по нагорничав земјен пат во должина од 5 км. Облаково е од селата кои припаѓаат на групата горно-полски села меѓу кои се набројуваат: Снегово, Горно Српци, Братин Дол, Ѓавато, Лера, Рамна и др.

Облаково порано се викало Старо Село и се наоѓало на спротивната страна од планината. Жителите на Старо Село морале да го напуштат селото бидејќи во него се ширеле заразни болести, ден по ден се зголемувал бројот на заболени и починати, затоа жителите одлучиле да го напуштат тоа село и да изградат ново село под облаците, од каде доаѓа и неговото име Облаково кое и ден денес постои. За време на Отоманското Царство, Облаково било комитско гнездо и учествувало со свои комити во борбата против турскиот аскер, кој бил во околината на Битола и Демир Хисар. Една од поголемите трагедии на селото се случила во тоа време кога кај Демирxисарското село Слепче биле убиени од заседа десетина комити од селото заедно здружени со комити од околните села. За време на балканските војни во Облаково дошле разни војски, како cрпските и бугарските. Во Втората светска војна овој реон претежно припаѓал на бугарскиот окупатор и во селото донеле бугарски учител, кој ги учел младите да зборуваат бугарски јазик и дека тие се Бугари, а не Македонци, но македонштината никогаш не изумрела. Облаково имало учесници и во НОБ (Народноослободителна борба) кои се залагале за слободна Македонија. Подоцна, за време на комунизмот голем дел од селаните го напуштаат селото и се селат по градовите кои се наоѓаат во непосредна близина или заминуваат во прекуокеанските земји како: Австралија и САД.

Во XIX век, Облаково било чисто македонско село во Битолската каза на Отоманското Царство.

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)

с. Облаково – врв Бела Песок (4 км)
с. Српци – с. Облаково – кружна опција (20 км)

  • наведените опции се вклучени во GPS линкот