Серменин – село во Општина Гевгелија, во областа Влахомеглен, во околината на градот Гевгелија.
Населбата се наоѓа во областа Влахомеглен, во западниот дел на територијата на Општина Гевгелија. Селото е сместено во југоисточната падина на планината Кожуф, чиј атар на тесен дел се допира со подрачјето на Општина Кавадарци. Селото е планинско, сместено на надморска височина од 540 метри. Од градот Гевгелија е оддалечено 20 километри.
Атарот е мошне голем и зафаќа површина од 71,9 км2. На него преовладуваат шумите со површина од 5.895 хектари, а на обработливото земјиште отпаѓаат 302 хектари.
До селото води асфалтен пат преку селото Негорци, кој не е во целост довршен. Во североисточниот дел на атарот, близу границата со Кованец се наоѓало некогашното село Брлево.
Во XIX век, Серменин било христијанско влашко село во рамките на Гевгелиската каза на Отоманското Царство. Селото било тешко оштетено при Валандовскиот земјотрес во 1931 година.
Конско – село во Општина Гевгелија, во областа Влахомеглен, недалеку од градот Гевгелија. Населбата се наоѓа во областа Влахомеглен, во западниот дел на територијата на Општина Гевгелија. Селото е сместено под југоисточната падина на планината Кожуф. Селото е планинско, сместено на надморска височина од 600 метри. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Конско имало 560 жители, сите Власи. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Конско имало 640 жители.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 500 Македонци. Селото било наполно раселено во 1994 година, а во 1991 година броело само еден жител.
Цркви:
Црква „Св. Димитриј” — главна селска црква
Реки:
Конска Река — десна притока на Вардар
Езера: Конско Езеро — вештачко езеро во изградба
Гол човек (науч. Arbutus andrachne) — зимзелен вид од источното Средоземје, Блискиот Исток и Југоисточна Азија, кој во Македонија е застапен само во две месности (во сливовите на Коњска и Црна Река). Растението претставува грмушка или мало дрво со кожести, темнозелени, овални листови. Кората се лупи во вид на крупни лушпи (голо дрво), а новата е мазна, бакарноцрвена. Цветовите се мали, бледожолти. Плодовите се црвени, топчести бобинки. Новоконската шума на дрва од гол човек е прогласена за споменик на природата во 1987 година. Наоѓалиштето на видот гол човек (Arbutus andrachne) се наоѓа 2,5 км западно од селото Ново Конско, од десната страна на Конска Река.
* Зимзелениот вид Гол Човек е прогласен за споменик на природата во 1987 година.
Тура
(во подготовка)
Велосипедски патеки во близина:
Планинарски патеки во близина: