Колешино – село во Општина Ново Село, во областа Подгорје, во околината на градот Струмица. Селото Колешино се наоѓа на југоисточниот дел од Македонија, во близина на границата на Грција и Бугарија. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 19 километри. Селото е познато по својот живописен Колешински Водопад, формиран на реката Баба и висок 15 метри. Постојат две легенди околу името на селото. Според првата селото своето име го добило по Беласичката битка од 1014 година помеѓу силите на Цар Самуил и византискиот цар Василиј II, кога во страшен колеж загинале голем број македонски војници. Во чест на тоа, среде село е поставена табла со легендата за настанокот на името Колешино. Втората легенда е дека името е добиено по овчарот Коле, кој прв се доселил на местото каде денес се наоѓа селото. Имено, луѓето кога поминувале покрај бачилото на Коле викале: „Ова е Колешино“ (бачилото на Коле).
Колешински Водопад – водопад сместен во југоисточниот дел на Република Македонија, на северните падини на планината Беласица, во долниот тек на реката Баба, на надморска височина од 500 м.
Се вбројува меѓу највисоките водопади во Македонија со височина од 15 м, со широчина на падот од околу 6 м. Според постанокот тој е тектонски водопад, создаден во гранитни камења. Спротиводно од Колешинскиот Водопад, на оддалеченост од околу 100 метри се наоѓаат уште неколку помали водопади распоредени во низа, високи од 2 до 4 метри, кои припаѓаат на неговиот средиштен слив.
* Колешинскиот водопад е прогласен за споменик на природата во 1985 година.
Тура
(во подготовка)
Планинарски патеки во близина:
Велосипедски патеки во близина:
с. Колешино – Колешински Водопад (1 км)
Колешински Водопад – Висок Врв (16 км)
Висок Врв – врв Висока Чука (2,5 км)
- наведените опции се вклучени во GPS линкот