• Должина во правец: 13 км
  • Тежина: 8/10
  • Време на искачување: 4,5 часа
  • Искачување со деца: 5 часа
  • Висинска разлика: 1.100 м
  • Почетна точка:

    с. Сирково

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Клепа – планински врв и воедно највисок врв на истоимената планина Клепа, во средишниот дел на Македонија. Неговата надморска височина изнесува 1150 метри. Се наоѓа токму на средишниот дел на главното планинско било и срт на протегање на планината Клепа, издигнувајќи се и доминирајќи со својата глетка во Повардарието. На самиот врв има голема карпа која го прави препознатлив од далеку изгледајќи на заб кој стрчи над самата планина. До врвот може да се пристапи од селата Подлес, Крајници или Скачинци, каде во минатото постоел и планинарски дом. Обележана патека за искачување на врвот Клепа во должина од 6 километри, постои од браната на вештачкото Подлешко Езеро. Врвот има стратешка поставеност со глетка кон целото средно Повардарие, со Стоби и Криволак како и сообраќајните врски по долините на Вардар и Црна, поради што тој имал воена важност уште од минатото, а под самата карпа на врвот Клепа постојат и напуштени воени бункери. За врвот Клепа, македонскиот револуционер Ѓорче Петров во својата книга Материјали по изучувањето на Македонија запишал дека во источниот крај на висорамнината над с. Чичево и над 2 часа југозападно од Градско од сите други гребени и ридови се издигнува врвот Клепа, по којшто и целата таа област меѓу Бабуна и Река (Раечка Река) се нарекува Клепа.

Подлешко Езеро – вештачко езеро во близина на селото Подлес. Сместено е на околу 14 км од населбата Градско, на падините на планината Клепа, и до него се стига по асфалтен пат. Изградено е од страна на некогашниот агрокомбинат „Лозар“, со цел наводнување на многубројните површини со овошки и жито во околината на Градско.

Чичевски манастир – македонски православен манастирски комплекс сместен во атарот на велешкото село Горно Чичево во срцето на етногеографската област Клепа. До манастирот води пат, кој се одделува од локалниот пат кој ги поврзува селата Долно и Горно Чичево и е во лоша состојба. Манастирот има две цркви — „Св. Архангел Михаил“ и „Св. Богородица“. Двете цркви, како и целокупниот манастир, се наоѓаат во лоша состојба. Спрема неговиот летопис манастирот е подигнат како мала црквичка во периодот од 1695 до 1705 година од калуѓерот Михаил со помош и заштита на велешкиот Аго-бег. Годината на подигањето на манастирот се потврдува и од бронзениот печат на манастирот (Орле) кој како таков манастир никаде не постои, а во неговата содржина е вградено името на „Св. Архангел“ и сликата на Архангел Михаил. Околу рачката на печатот е гравирана и годината 1705. Мајстор на печатот бил Симон Костадинов, кој е и пишувач на натписот. Од овој податок произлегува дека првобитната црква не е подигната порано од почетокот на XVIII век. Во втората половина на XIX век, старата манастирска црква била обновена, реновирана и зографисана од зографот Хаџи Крсте во 1861 година, и така го добила денешниот облик и изглед. Тогаш манастирот добил нова куполна црква, светла и голема висока камбанарија крај неа.

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)

Планинарски патеки во близина:

Велосипедски патеки во близина:

Чичевски Манастир – врв Клепа (6 км)

  • наведените опции се вклучени во GPS линкот