Орешки манастир – обновен манастир во азотското село Ореше, сместен над селото. Манастирот е сместен во пазувите на планината Даутица, на оддалеченост од околу 3,5 километри од селото Ореше, во месноста Манастиришта. Манастирскиот комплекс е составен од: манастирската црква, старите и новите манастирските конаци, како и други помошни објекти. Главната манастирска црква е посветена на Свети Ѓорѓи, по која е и наречен целиот манастир.
Зрзески манастир (се среќава и како Зрзенски манастир или Зрзевски манастир) — манастир во средишниот дел на Македонија, на јужните падини на планината Даутица, во близина на селото Зрзе. До него се пристигнува по асфалтен пат којшто поминува низ прилепските села Ропотово, Пешталево, Костинци и Зрзе. Манастирот е прогласен за споменик на културата. Тој е епископско седиште на хераклејскиот епископ Климент. Манастирот најверојатно бил изграден некаде во XIV век од монахот Герман за време на владеењето на српскиот цар Стефан Душан, што е поткрепено со натписот сместен на надворешниот ѕид од јужниот влез на главната манастирска црква. Првобитната манастирска целина зафаќала површина од околу 7.000 м2. Таа имала утврдени ѕидини и одбранбени кули, а нивниот распоред е забележлив и во денешниот изглед на манастирот кој е со помала површина. Денес, манастирската целина ги вклучува црквите „Св. Преображение“ и „Св. Петар и Павле“, а како негов метох се јавува и црквата „Св. Никола“ во селото Зрзе.
Извор: Wikipedia
Тура
(во подготовка)
Велосипедски патеки во близина:
Планинарски патеки во близина:
Велес – Орешки Манастир (52 км)
Орешки Манастир – Зрзески Манастир (33 км)
- наведените опции се вклучени во GPS линкот