• Должина во правец: 7 км
  • Тежина: 6/10
  • Време на искачување: 3,5 часа
  • Искачување со деца: 4 часа
  • Висинска разлика: 670 м
  • Почетна точка:

    с. Нов Истевник – Балабанска Маала

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Кај селото Нов Истевник постојат забележителни земјени пирамиди, наречени „Кукуље“. Во овој предел на должина од околу 200 м (во правец сси-јјз) и широчина од 30–50 м, во подножје на поголем природен мел, се изградени 50-тина земјани пирамиди со височина до 15 м. Најистурените и најстари пирамиди, што се наоѓаат поблиску до долинското дно на Истевнички Поток, веќе се сосема оформени. Над нив се помлади пирамиди, сè уште поврзани со седиментни гребени со кои заедно градат сложени форми што наликуваат на замоци и куполи. Уште повисоко, долинската страна е испресечена со повеќе паралелни, длабоки ерозивни долчиња, раздвоени со гребени од неогени песоци и глини. Овие гребени, со ерозија и плакнење од атмосферски врнежи, постепено се истенчуваат, прекинуваат и добиваат изглед на земјани пирамиди. Така, процесот се поместува нагоре по падините, што значи создавањето на пирамидите е активно и во денешно време.

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)

Планинарски патеки во близина:

Велосипедски патеки во близина:

с. Нов Истевник – Кукуље (1,5 км)
с. Разловци – врв Бејаз Тепе (6 км)

  • наведените опции се вклучени во GPS линкот