• Должина во правец: 24 км
  • Тежина: 7/10
  • Време на искачување: 5 часа
  • Искачување со деца: 6 часа
  • Висинска разлика: 1.400 м
  • Почетна точка:

    Пехчево

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Брегалница – втора по должина река во Република Македонија. Извира во шумскиот дел на Малешевските Планини, во близина на Пехчево и поминува низ или покрај градовите Пехчево, Берово, Делчево, Македонска Каменица, Виница, Кочани и Штип, и потоа се влева во реката Вардар пред да го продолжи патот кон Егејското Море.

Вкупната должина на реката Брегалница изнесува 225 км, а површината на сливот е околу 742,5 км2. Реката Брегалница има 6 притоки од левата страна (Ратевска, Осојница, Зрновска, Козјачка, Отиња и Лакавица) и 6 притоки од десната страна (Желевица, Каменичка Река, Оризарска Река, Кочанска Река, Злетовица и Светиниколска Река). На реката има изградено 5 големи акумулации: Калиманци, Гратче, Злетовско Езеро/Кнежево, Мантово и Мавровица.

Изворот на реката се наоѓа во шумскиот дел на Малешевските Планини, близу до границата со Бугарија, источно од градот Пехчево, на надморска височина од околу 1690 м. Реката Брегалница се влева во Вардар на 137 м надморска височина, близу до селото Градско.

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)