• Должина во правец: 14 км
  • Тежина: 6/10
  • Време на искачување: 2 часа
  • Искачување со деца: 2,5 часа
  • Висинска разлика: 1.200 м
  • Почетна точка:

    Делчево

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Голак – средновисока планина меѓу Делчевската Котлина на исток и Кочанската Котлина на запад, со меридијански правец на протегање. Планинскиот масив опфаќа 12.800 ха, односно е долг околу 40 км а широк околу 20 км. Спаѓа во средно високите планини, а највисок врв е Чавка (1.538 м), под кој се наоѓа современ туристичко-рекреативен центар (1.400 м), 12 км од Делчево и на кој се наоѓа игралиште за фудбал, кошарка и тенис. Истоименото детско одморалиште располага со 230 легла и кое моментално не е во добра состојба. Постојат неколку помали сместувачки капацитети кои работат повремено како што се Вила Гранит, Вила Фротирка, Синдикална Вила, Вила Технозавод, Шумска Вила која е сопственост на Шумско стопанство Голак од Делчево како и неколку камп приколки кои се во релативно добра состојба. И покрај делумните пошумувања, сиромашна е со шуми. Располага го голем број на билки и чаеви кои се берат од месец април па сè до месец октомври како што се жолт и црвен Кантарион, Мајчина Душица, Бела Рада, Ајдучка трева, Бозел, Шипинки, Капини, Диви Јагоди, Подабиче, Нане, Јаглика итн. Се среќаваат голем број на печурки меѓу кои и јадливите Врган, Лисичарка, Буковка, Срндак итн. На планината Голак се среќава и поголем број на дивеч како што се дива свиња, див зајак, лисица, кафеав орел, понекоја срна како и повеќе видови на глодачи. И покрај тоа што не е многу богат со вода сепак на падините на Голак се наоѓаат неколку извори на вода како и две поголеми вештачки езерца кои служат како вода за наводнување на земјиштето како и за пиење на вода во Општина Делчево, тоа се езерата Лошана (за пиење вода) и езерото Петрашевец (за наводнување). На најдолниот дел на Голак тече најголемата река во источна Македонија реката Брегалница која на крајниот дел на планината Голак ја формира големата акумулација Калиманци. Постојат услови за скијање, планинарски велосипедизам како и за планинарство за што се занимава единственото Планинарско Друштво ПСД ГОЛАК Делчево кое е членка на Федерацијата на планинарски спортови на Македонија.

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)