Калањево – раселено село во Општина Неготино, во областа Тиквеш, во околината на градот Неготино. Постарите мештани пренесуваат легенда во која се вели името на селото доаѓа поради тоа што во него се наоѓаат мноштво светликави камења, налик на калај па од калајот и името Калањево.
Селото се наоѓа во крајниот источен дел на територијата на Општина Неготино, под јужната падина на планината Серта.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 600 метри. Селото се наоѓа на левата страна од Раечка Река, притока на Војшанска Река, на падините на планината Серта и врвот Бел Камен. Во селото и во околината се наоѓаат повеќе јаки извори.
Селото спаѓа во оние стари населби што постоеле уште пред доѓањето на Турците. На почетокот живееле само Македонци, но од XVI век надошле поголем број јуручки семејства. Турците останале сè до 1913 година кога се иселиле во Мала Азија. Од 29 јуни до 7 јули 1913 година, додека траело Тиквешкото востание, според пишувањата на дневникот кој го водел еден тиквешки свештеник, селото, заедно со други села во Тиквешијата, како и градот Неготино било запалено. На сред село се наоѓале Кулата, запалена во 1912 година и Бегниските гумна, каде се собирал спаилокот, веднаш до Шарената чешма изградена од Турците.
Археолошки наоѓалишта:
Градиште – населба од доцноантичкото време;
Падината – средновековна населба и некропола; и
Чичан Тарла – населба од доцноантичкото време.
Цркви:
Црква „Св. Петка“ – главна селска црква, сместена високо на рид надвор од селото.
Во минатото постоела друга црква под селото, која Турците рано ја разрушиле. Околу нејзе се наоѓаат христијански гробишта.
Џамии:
Во минатото постоела џамија, која изгорела по Првата светска војна. Според преданието, џамијата била ненамерно запалена од жена која живеела во една просторија на џамијата, откако нејзината магаре ја турнало сламата во огнот.
Чешми:
Шарена, Дедо Јакова (ја направил дедото Јако за душата на син му Фило кој го убиле кај Габер-Кајна и му го украле стадото), Велиова, Долна, Тодорова, Крстева, Џамиска, Караѓоз, Богоевска, Капеж, Бела, Баткова и други.
Извор: Wikipedia
Тура
(во подготовка)
Планинарски патеки во близина:
Велосипедски патеки во близина:
с. Калањево – врв Бели Рид (5,5 км)
врв Бели Рид – врв Караѓоз (0,5 км)
с. Калањево – Св. Петка (1,5 км)
- наведените опции се вклучени во GPS линкот