Дојранско Езеро (на грчки: Λίμνη Δοϊράνη, се чита: Лимни Дојрани) — езеро споделено помеѓу Република Грција и Република Македонија. Тоа е најмалото тектонско езеро во Република Македонија. Езерото зафаќа површина од околу 43,1 км2. Западниот, поголемиот дел (околу 27,3 км2) припаѓа на Р. Македонија (Општина Дојран), а источниот, помалиот дел (околу 15,8 км2) на Р. Грција (Општина Кукуш). Во народниот јазик, езерото е познато и како Дојрански Ѓол.
Дојранското Езеро е еутрофно езеро, заради големата продукција на органска материја. Животинскиот свет е претставен од безрбетници (праживотни-едноклеточни животни, сунгери, црви, мекотели, членконоги, инсекти и др.), како и претставници од ’рбетниците (риби, водоземци, влекачи, птици и цицачи). Во Дојранското Езеро се регистрирани 12 фаунистички ендемити. Од 15 видови риби, еден вид претставува локален ендемит. Некои безрбетници (посебно вилинските коњчиња) и неколку видови птици, се наоѓаат на списокот на CORINE. Дојранското Езеро е познато по традиционалниот начин на ловење риби со помош на корморани во огради од трска, т.н. мандри.
На местото на денешното Дојранско Езеро се протегала широка долина со бујни ливади и разновидни градини. На едно поткренато место имало голем извор. Покрај долината живеела убава девојка која се викала Дојрана. Во Дојрана биле заљубени многу момчиња, но за голема несреќа и еден турски големец – кајмакам. Убавата девојка не можела да замисли да се мажи за него. Кајмакамот почнал да оди по неа. Ја следел на секој чекор. Не ѝ давал мир. Наоѓајки се во безизлезна положба, а да не му падне во неговите раце, се фрлила во големиот извор. Изворот го прифатил нејзиното невино тело. За да го покрие и освети, почнал да се излива. Ја покрил целата долина. За кусо време долината се претворила во прекрасно езеро.
Извор: Wikipedia
Тура
(во подготовка)
Велосипедски патеки во близина:
Планинарски патеки во близина: