Конче – село во Радовишко, југоисточна Македонија и седиште на истоимената општина.
Селото е сместено во средишниот дел на Општина Конче, на само 3 километри од соседното село Лубница. Селото е распослано во подножјето на планината Серта, уште наречена и Конечка Планина, близу изворот на реката Крива Лакавица. Лежи 20 километри јужно од градот Радовиш. Под селото се наоѓаат и Конечките Езера (Конче 1 и Конче 3), две езера создадени во 1961 година за наводнување на земјиштето, а во близина на селото се наоѓа и големото вештачко езеро Мантово. Езерата се богати и со разновидна риба, како на пример: крап, костреш, плашица и други. Се наоѓа на надморска височина од 580 метри, а атарот на селото зафаќа површина од 45 км2.
За првпат Конче се споменува во 1019 година во записите за византискиот цар Василиј II. Селото било дел од Струмичката епархија на Охридската архиепископија. Од XIV век во селото постои манастирот „Св. Богородица“. Во грамотата на царот Стефан Урош од 1366/1367 година, во селото живееле 25 семејства. На крајот на XIX век селото било дел од Радовишката каза на Отоманското Царство.
Цркви:
Црква „Св. Стефан“ — главна манастирска црква на Конечкиот манастир
Манастири:
Конечки манастир — средновековен манастир изграден во 1366 година
Џамии:
Џамија – сместена на сретсело
Археолошки наоѓалишта:
Баровска Воденица – тумул од римско време
Гањев Дол – гробница од раноантичко време
Денчина Чука – могила од римско време
Дерновец – населба од жрезно време
Корешевец – некропола и могила од римско време
Костадинци – населба од доцноантичко време
Лаката – населба од доцноантичко време
Пршово – могила од римско време
Чуј Петел – осамен наод од римско време
Езера:
Конечки Езера – создадени во 1961 г. за наводнување
Конечки манастир – средновековен манастир во лакавичкото село Конче. Самата црква на манастирот потекнува од 1366 година, кога биле удрени нејзините темели. Била завршена за пет години, во 1371 година, кога бил довршен и нејзиниот првобитен фрескоживопис. Манастирот со црквата го подигнал или обновил големиот војвода Никола Станоевиќ, за време на владеењето на царот Душан. Со една негова повелба од 1366 година, го приложил манастирот во Конче на манастирот Хиландар на Света Гора.
Во 2010 година, била извршена и замена на покривната конструкција на црквата, која била оштетена од неколку последователни невремиња во областа. Обновата била извршена од Заводот и музеј од Штип. Во 2014 година, целиот манастирски двор бил целосно уреден, биле направени нови патеки и нова влезна порта, преку проект на Југоисточниот плански регион.
Извор: Wikipedia
Тура
(во подготовка)
Планинарски патеки во близина:
Велосипедски патеки во близина:
с. Калањево – врв Волчјак (12 км)
с. Конче – врв Волчјак (8 км)
- наведените опции се вклучени во GPS линкот