• Должина во правец: 28 км
  • Тежина: 6/10
  • Време на искачување: 5 часа
  • Искачување со деца: 6 часа
  • Висинска разлика: 1.950 м
  • Почетна точка:

    Езеро Мантово

    • кружна тура околу езеро Мантово и искачување на врвот Волчјак од вкупно 58 км.

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Мантово – вештачко езеро во Лакавичко, во југоисточниот дел на Македонија. Сместено е на 15 км од селото Конче, 18 км од Радовиш и 25 км од Штип. Езерото има издолжен облик и зафаќа вкупна површина од 4,49 км2. Тоа управно во целост се наоѓа во Општина Конче.

Езерото Мантово е изградено на реката Крива Лакавица во 1978 година, со основна функција да го наводнува Радовишко Поле, да обезбедува вода за потребите на рудникот Бучим, да обезбеди водоснабдување на Општина Конче, како и да прерасне во главен туристички центар во регионот. Езерото се протега во насока исток-запад. Од север се граничи со атарот на селото Долна Враштица, од исток со атарот на селото Габревци, од југ со атарот на селото Долни Радеш, додека од запад со атарот на село Гарван, од каде се наоѓа насипот на самата брана.

Мантово е изградено на реката Крива Лакавица и се наоѓа на надморска височина од 402 м. Езерото има издолжен облик и се протега во правец исток-запад, а од обете страни има повеќе издолжени заливи. Вкупната негова должина изнесува 5,5 км, просечната ширина 0,8 км, а вкупната површина 4,49 км2. Најголемата длабочина изнесува 20 м и е измерена веднаш до браната. Во целост е сместено во северозападниот дел на Општина Конче, во непосредна близина на селата Долни Радеш, Габревци и Долна Враштица. Во однос на поголемите населени места, оддалечено е на 15 км од с. Конче, 18 км од Радовиш и 25 км од Штип. Во непосредна близина на езерото се наоѓа ридот Габровска Чука, кој претставува неиспитано археолошко наоѓалиште. Во близина на ридот, пак, се издигнуваат вертикални гранитни карпи со висина од 2 до 25 метри. Мантово се одликува со микрклима, а температурата на водата во летниот период достигнува 24 °C. Како главни извори на доток на вода се реките Крива Лакавица, Конечка Река и Габрешка Река. Исто така, како поголемо сливно подрачје во браната се влеваат повеќе порои како што се: Згоречки, Скорушки и Боровски.

Во поново време се преземени повеќе активности во насока на промовирање на Мантово како главен туристички центар во регионот. Пријатната клима со температура на водата од 24 °C во летниот период е погодна за капење и практикување на водните спортови, застапеноста на повеќе видови на риби создаваат добри предуслови за спортски риболов, а издолжените вертикални граматни карпи во близина на ридот Габровска Чука овозможуваат добри услови за алпинистичко искачување.

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)