Смолари или Смоларе – село во Општина Ново Село, во областа Подгорје, во околината на градот Струмица.
Селото Смолари се наоѓа во северното подножје на планината Беласица во областа позната како Подгорие. Селото е оддалечено 28 километри од градот Струмица во југоисточна насока и 6 километри од центарот на општината, Ново Село, на надморска височина од 382 метри. Јужно од селото се наоѓа реката Ломница, на која е расположен познатиот Смоларски Водопад, до кој се пристигнува преку екопатека. Вкупната височина на вертикалниот отсек на Смоларскиот Водопад изнесува 39,5 метри.
Среде село порано се наоѓале два стари јавори, високи околу 30 метри. Денес е останат помладиот јавор, чија старост се проценува околу 300 години. Името на селото е изведено од зборот „смолар“ или човек што се занимава со собирање смола.
Смоларски Водопад – водопад сместен на северните падини на планината Беласица, по текот на реката Ломница, на надморска висина од 600 м во регионот на селото Смолари. Вкупната височина на вертикалниот отсек на Смоларскиот Водопад изнесува 39,5 метри. Водопадот е тектонски предиспониран со раседна структура која лежи попречно на правецот на течењето на водата на Смоларска Река. На дното од водопадот формиран е џиновски лонец, чија должина во правец на течењето на речната вода изнесува 5 метри, широчината е 11 метри, а длабочината се движи од 0,5 до 0,7 метри. Смоларскиот Водопад е единствен постојан водопад во Македонија со пад на водата од 39,5 метри.
Тумба – врв на планината Беласица во југоисточна Македонија на 1.881 м.н.в. На врвот се наоѓа тромеѓата меѓу Бугарија, Грција и Македонија.
До планината Беласица може да се стигне преку селото Смолари, кое се наоѓа на 28 километри од Струмица. Од Смолари се стигнува до планинарскиот дом „Шарена Чешма“. Потребни се 2,5 часа пешачење до домот и уште толку од таму до врвот Тумба.
Извор: Wikipedia
Тура
(во подготовка)
Велосипедски патеки во близина:
Планинарски патеки во близина:
с. Смолари – врв Тумба (19,5 км)
врв Тумба – с. Старо Коњарево (12,5 км)
- наведените опции се вклучени во GPS линкот