Стар Дојран – село и административен центар на Општина Дојран, на брегот на Дојранското Езеро.
Стар Дојран е една од најпознатите туристички атракции во Македонија. Се наоѓа на три километри јужно од поголемата населба Нов Дојран, а оддалечен е и неколку километри од грчката граница. Стар Дојран со Дојранското Езеро и прекрасната средоземна клима, има одлична местоположба.
Дојранското Езеро и поширокото подрачје сместени се во граничните делови на две крупни геотектонски единици, т.е. на границата меѓу српско-македонскиот масив на исток и вардарската зона на запад.
Цркви:
Црква „Св. Илија“ – катедрална црква на Дојран;
Црква „Св. Ѓорѓи“ – се наоѓа веднаш до катедралната црква Св. Ѓорѓи;
Црква „Св. Марија Магдалена“ – главната манастирска црква на манастирскиот комплекс Партениј Зографски;
Црква „Св. Максим Исповедник и Св. Григориј Палама“ — манастирска црква во затворениот дел;
Црква „Св. Царско Семејство Романови“ – манастриска црква;
Црква „Св. Петка“ – најнова црква во Стар Дојран;
Археолошки наоѓалишта:
Св. Илија — сакрален објект од непознат период;
Извор: Wikipedia
Тура
(во подготовка)
Велосипедски патеки во близина:
Планинарски патеки во близина: