• Должина во правец: 15 км
  • Тежина: 9/10
  • Време на искачување: 6 часа
  • Искачување со деца: 7 часа
  • Висинска разлика: 1.350 м
  • Почетна точка:

    с. Врбјани

Помош за навигација: повеќе во Совети
Карта со сите патеки

Врбјани се наоѓа на надморска висина од 919 м, на источната страна на планината Стогово. Тоа е прво село во Горна Дебрца после највисоката точка на патот Кичево – Охрид наречено Пресека. Селото се наоѓа на 3км оддалеченост од регионалниот пат. Низ селото течат две реки, Голема река и Бигришка Река, како извори на реката Сатеска. Изобилува со вода и извори на вода. Последната куќа од селото во горно маало, се наоѓа на 970м надморска висина. Оддалечено е 26 километри јужно од Кичево и 39 километри северно од Охрид.

Селото Врбјани постоело пред доаѓањето на Турците во 1371 година. Името Врбјани го добило по многуте врби кои ги имало меѓу двете реки, Голема и Бигришка, како извори на реката Сатеска. Покрај с. Врбјани постоело село Нивишта со црквата „Св. Петар и Павле“, која постои и денес. Со доаѓањето на Турците народот од село Нивишта и село Врбјани, бегајќи од Турците, побегнале во планина во месноста Манастирец каде што формирале село со црква во која имало крст со златен синџир, а ископини постојат и денес. Дел избегале и во Прилепскиот крај каде што формирале село Врбјани и Годивје кои и денес постојат.

Археолошки наоѓалишта:
Нивишта — населба со некропола од раниот среден век
Црквиште – Петрчани— црква со некропола од средниот век

Цркви:
Црква „Св. Ѓорѓи“
Црква „Св. Петар и Павле“

Извор: Wikipedia

Тура

(во подготовка)