Житинени – село во Општина Центар Жупа, во областа Жупа, во околината на градот Дебар. Селото е населено со Македонци-муслимани, но поради политичко-религиски причини се изјаснило како турско население. Селото се наоѓа речиси во средишниот дел на територијата на Општина Центар Жупа. Селото се наоѓа во областа Дебарска Жупа, сместено на западната падина на планината Стогово. Селото е планинско, сместено на надморска височина од 880 метри. Од градот Дебар, селото е оддалечено 11 километри. Подрачјето на Житинени е населено уште од доцната антика и средниот век, за што сведочат повеќе наоѓалишта во неговата околина.
Археолошки наоѓалишта:
Манастир – средновековна населба, црква и некропола;
Црков – средновековна некропола; и
Чифлик – доцноантичка и средновековна населба.
Џамии:
Џамија — главна селска џамија
Извор: Wikipedia
Тура
(во подготовка)
Планинарски патеки во близина:
Велосипедски патеки во близина: